Девојките од Балканот лудуваат по него, a тој 12 години е верен само на сопругата – Љубовната приказна на Џала Брат и Алма Икановиќ

Заедно се веќе 12 години, медиумите честопати ги разведуваат, а таа гордо на социјалните мрежи го носи неговото презиме. Девојките од Балканот го обожаваат, сними дуети со Северина и Маја Беровиќ, но босанскиот рапер Џала Брат е верен само на неговата сопруга Алма Икановиќ. Која е девојката која успеа да го освои неговото срце?

devojkite-od-balkanot-luduvaat-po-nego-no-toj-12-godini-e-veren-samo-na-soprugata-ljubovnata-prikazna-na-djala-brat-i-alma-ikanovikj-01.jpg

Јасмин Фазлиќ (36), попознат како Џала Брат е еден од најпознатите босански рапери на балканските простори, а неговите хитови се меѓу омилените кај помладата публика.

Вниманието кај јавноста го привлече во 2016-та година кога се натпреваруваше за песна што ќе ја претставува Босна и Херцеговина на Евровизија.

Познат е по соработките со Буба Корели, Маја Беровиќ и Северина, а на приватен план познато е дека тој е во среќен брак со неговата сопруга Алма Икановиќ.

Џала Брат и Алма, пред да стапат во брак во 2017-та година, биле 7 години во врска, па така тие се заедно вкупно 12 години.

Алма по потекло е од Тузла, а студирала менаџмент во Сараево, каде се запознала со Џала Брат преку роднини.

„Сѐ започна случајно, па и нашето забавување, на кое му претходеа повеќемесечни пријателски кафиња. Алма е роднина на еден музичар со кого соработував и се запознавме кога дојде во Сараево да студира.

Бевме пријатели сѐ до оној миг кога сфатив дека така веќе не може. Всушност дојдовме на граница кога требаше да избереме дали ќе бидеме само пријатели или ќе почнеме врска. И, ете, завршивме со врска“ – рече во една прилика Џала Брат.

Во ноември 2015-та година Џала Брат ја запроси својата девојка и тие двајца беа свршени 2 години, пред да направат свадба во 2017-та година, а по свадбата заминаа на меден месец во Дубаи.

Во 2018-та година тој објави нивна заедничка фотографија по повод роденденот на Алма, до која остави емотивна порака која трогна многумина.

„Со години си моја иснпирација, моја муза, мила моја и еве пак кога сакам да напишам нешто во твое име, ме фаќа трема како да сум аматер. Можеби затоа што на моменти ме фаќа страв дека за твојата добрина и убавина не постојат доволно убави зборови и дека тука ќе заглавам и нема да успеам да го опишам твојот шарм?

Денес ќе ти се заблагодарам за сѐ што си направила за мене, ти најдобро знаеш и иако никогаш не спомнуваш, ти си таа што и натаму ме бодри во натпреварот што се вика живот...

Богат е оној човек што ќе ја запознае вистинската љубов и ќе пронајде искрена среќа во овој луд и брз живот“ – напиша меѓу другото раперот.

Во 2019-та година почнаа да кружат шпекулации дека тој и Алма ќе се разведат и дека неговата сопруга си заминала од заедничкиот дом, а раперот веднаш даде изјава за босанските медиуми и рече:

„Се бранам со молчење. Мене животот никогаш не ми бил подобар. Мојата муза ми подари сѐ најдобро. Со албумот ќе покориме сѐ.“

Погледнете повеќе фотографии од сопругата на Џала Брат на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава