Анастасија Ражнатовиќ навива за дечкото, Драган Бјелогрлиќ со синот: Српската естрада на трибините во Катар (фото)

Анастасија Ражнатовиќ од трибините навиваше за нејзиниот дечко Немања Гудељ, а меѓу познатите Срби на трибините беа и Жељко и Јована Јоксимовиќ, но и поранешниот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, а Софија Милошевиќ, пак, беше заедно со бразилскиот модел Адријана Лима на натпреварот помеѓу Србија и Бразил.

anastasija-razhnatovikj-naviva-za-dechkoto-dragan-bjelogrlikj-so-sinot-srpskata-estrada-na-tribinite-vo-katar-01.jpg

Голем дел од српската естрада синоќа (24.11) се собра во Доха, Катар за од трибините да ги бодри фудбалерите на српската репрезентација, која го одигра својот прв меч на Светското првенство против Бразил.

Српската репрезентација беше поразена од Бразил, но поддршката од трибините од големиот број познати личности на српската естрада не застанува.

Голем број од нив објавија свои фотографии на социјалните мрежи до кои напишаа: „Одиме понатаму“.

anastasija-razhnatovikj-naviva-za-dechkoto-dragan-bjelogrlikj-so-sinot-srpskata-estrada-na-tribinite-vo-katar-16.jpg

Меѓу познатите кои ја бодреа српската репрезентација беа Жељко и Јована Јоксимовиќ, Анастасија Ражнатовиќ која го бодреше нејзиното момче Немања Гудељ, фудбалерот Душко Тошиќ, актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ со синот Алексеј.

Меѓу познатите Срби беше и водителката Ана Јовановиќ, за која српските медиуми шпекулираат дека е во врска со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од познатите Срби, кои ја бодреа српската репрезентација од трибините:

Анастасија Ражнатовиќ

anastasija-razhnatovikj-naviva-za-dechkoto-dragan-bjelogrlikj-so-sinot-srpskata-estrada-na-tribinite-vo-katar-02.jpg

anastasija-razhnatovikj-naviva-za-dechkoto-dragan-bjelogrlikj-so-sinot-srpskata-estrada-na-tribinite-vo-katar-03.jpg

anastasija-razhnatovikj-naviva-za-dechkoto-dragan-bjelogrlikj-so-sinot-srpskata-estrada-na-tribinite-vo-katar-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српската група „Hurricane“ има нова постава - збогум Сања, Ивана и Ксенија (фото+видео) По Сања, Ксенија и Ивана, сега „Hurricane“ има сосема нова постава. Три нови дев...
Си го промени личниот опис со операции, со сопругот е од 17 години: Факти за српската пејачка Маја Б... Како дете останала без татко, а додека пеела низ локали во Босна го запознала св...
Направи операција за да си го смени гласот, сестра ѝ јавно се откажа од неа - Факти за српската пеја... Пред неколку месеци Едита Арадановиќ ги оперираше гласните жици затоа што не ѝ с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg