Цеца во патики, Бресквица со висок шлиц и штикли – Српската естрада на концерт кај Рики Мартин во Белград (фото+видео)
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
На концертот на Рики Мартин во Белград, бившата на Саша Ковачевиќ, Јована Швоња, се појави во секси издание со мини фустан со реси, Милица Павловиќ во комплет со панталони и штикли, а Цеца издоминира во патики за да ужива во спектаклот кој го приреди пејачот, па дури и заигра на неговите песни.

Латино поп-ѕвездата Рики Мартин, вчеравечер имаше концерт во Белград, во склоп на Belgrade River Fest во Белград на вода, а приреди вистински спектакл.
Тој ги отпеа своите најголеми хитови, пропратено со впечатлива сценографија, кореографија и визуелни ефекти, а пред да започне ѝ се обрати на публиката.


„Ја чувствувам вашата енергија, ги гледам вашите насмевки. Ова е мој прв концерт во Србија, ќе ја оставам душата на сцена.
Чувствувајте се како да сте на одмор, заборавeте на сите надворешни околности, вечерва сите сме слободни“.
На неговиот концерт дојдоа и голем дел од ѕвездите од српската естрада, а позираа на црвениот тепих на настанот во своите впечатливи стајлинзи.

За концертот, повеќето познати дами се одлучија за свечени комбинации со високи штикли, а Цеца изненади со својот удобен стајлинг со патики, за да може целосно да ужива во искуството.
Таа беше забележана како разговара со Јелена Томашевиќ, а во еден момент и заигра на латино хитовите на Рики Мартин.
Посебен впечаток остави и Јована Швоња, девојката која во минатото ја поврзуваа со Саша Ковачевиќ, а сега е сопруга на фудбалер, која мамеше воздишки во мини шарено фустанче со реси и високи потпетици.
Погледнете ги стајлинзите на дел од познатите:
Јелена Томашевиќ
Марија Микиќ
Милица Павловиќ
Бресквица
Цеца
Неколку видеа од настапот на Рики:
М. М. | Црнобело