„Сите страсти имаат свое затишје“ - Здравко Чолиќ открива како опстанува бракот кога ќе ја снема страста

„Сите страсти имаат свое затишје, но љубовта и пријателството остануваат да ги држат луѓето во врска. Јас секогаш сум за тоа – ако нешто функционира, луѓето да не се разведуваат. Ако во текот на врската и бракот луѓето станале пред сè пријатели, тогаш таа врска е неуништива. И таквите врски опстануваат....“, вели Здравко Чолиќ.

site-strasti-imaat-svoe-zatishje-zdravo-cholikj-otkriva-kako-opstanuva-brakot-koga-kje-ja-snema-strasta-01.jpgфото: Инстаграм

Здраво Чолиќ е легендарен пејач со неверојатни гласовни способности, но и предан сопруг и татко.

Тој е во брак од 2001 година со сопругата Александра.

Неодамна, во интервју за еден хрватски медиум, искрено проговори што според него е тајната на успешниот брак и дали имало љубомора од страна на неговата сопруга поради армијата негови женски обожавателки.

„Љубомора имаше на почетокот, но сосема е нормално, сите се љубоморни во љубовта.

И љубовта и љубомората имаат свое лице и мерка. Но, кога со некој си долго време, тој сфаќа дека живееш од тоа – во мојот случај музиката, и дека сето тоа е дел од работата и дека ништо не правиш намерно за да ја повредиш таа личност.

Во оваа фаза веќе не паметам дали некогаш имало љубомора, но најверојатно да.

Но, по долг период забавување и познанство добрата работа е што луѓето си стануваат предани еден на друг и на крајот преовладува пријателството помеѓу нив. Сите страсти имаат свое затишје, но љубовта и пријателството остануваат да ги држат луѓето во врска.

Јас секогаш сум за тоа – ако нешто функционира, луѓето да не се разведуваат. Дури и кога има несогласувања. Развод само ако ептен мора.

Но, ако во текот на врската и бракот луѓето станале пред сè пријатели, тогаш таа врска е неуништива. И таквите врски опстануваат.

Љубовта на прв поглед е одлична, но најчесто не успева“, вели Здравко Чолиќ.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Сопругата на Сергеј Трифуновиќ: „Уапсена сум повеќепати од што се знае, ме запроси по 48 часа познан... „Во еден момент клекна на колено и ме праша дали сакам да се омажам за него. Не ...
„Го прашувам колку ме сака од 1 до 10, вели 110“ - Аца Кос за интимата со српскиот политичар Чедомир... Аца Кос е 16 години помлад од Чедомир и живеат заедно веќе 3 години, откако Чедо...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава