„Работилницата на џуџињата на Дедо Мраз“ во Трикала, Грција - омилена претпразнична викенд дестинација за големи и мали

Џуџињата на Дедо Мраз имаат своја работилница во Трикала, Грција, а во моментов тоа е омилената претпразнична туристичка дестинација за големи и мали на Балканот. Погледнете повеќе видеа и фотографии оттаму.

rabotilnicata-na-djudjinjata-na-dedo-mraz-vo-grcija-omilena-pretpraznichna-vikend-destinacija-za-golemi-i-mali-foto-video-01.jpg

За да ја посетите работилницата на џуџињата на Дедо Мраз, не мора да одите на Северниот пол, Трикала во Грција има богата програма адаптирана за сите возрасти, а ова воедно е и омилена дестинација во регионот.

Маскоти, забавен парк, божиќен базар се само некои од содржините што можете да ги видите доколку се упатите таму.

Весна Коцевска, туристички водич, на својот Инстаграм профил објави кратко видео од посетата на тематскиот парк „Работилницата на Дедо Мраз“ (Ο Μύλος των Ξωτικών) во Трикала и ни даде можност да ѕирнеме каква била атмосферата таму во текот на изминатиот викенд.

„Дали сте знаеле дека џуџињата на Дедо Мраз имаат своја работилница во соседството? Периодов најпосетено место во Грција е Трикала.

Влезот е слободен, а се плаќаат само одредени активности. Доколку одите за викенд очекувајте голема гужва.

Напишавме писма до Дедо Мраз. Еден ден е доволен да се види сѐ, вклучувајќи го и центарот на градот“ – појаснува Весна во нејзиното видео.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by ????? - Tourist guide ??? (@whisper.ves)

Дека навистина можете да очекувате огромна гужва говори и податокот што минатиот викенд (од 10-ти до 11-ти декември) во Трикала имало рекорден број од 80.000 посетители од Грција и од соседните земји.

Овој тематски парк веќе 11 години наназад е омилен за сите туристи со деца, а годинава забавата во магичниот свет е сконцентрирана на мотивите од вонвременската приказна за „Алиса во земјата на чудата“. 

Погледнете уште едно видео од тоа што може да очекувате да видите доколку отидете во Трикала:

Фотки од тематскиот парк во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...
Може да одгризе прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција? Во водите на Грција периодов е забележан зголемен број на таканаречената отровна...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање г... Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг ...

Најчитани неделава