Јелена Карлеуша искрена за семејната бура: „Не сакам да се разведам од Душко, иако комуницираме преку адвокати, а живееме во иста куќа“

„Моите разголени фотографии со месеци беа на насловните страни без никакво право за одбрана на честа и на угледот, а моите ќерки го гледаа тоа. Не сакам да се разведам со Душко заради децата, чекам тој да сфати дека јас сум божица на универзумот и негова единствена вистинска љубов“ – Јелена Карлеуша говори отворено за својот приватен живот, за бракот но и за тоа дека нејзините деца честопати страдаат заради неа.

jelena-karelusha-veli-deka-slednata-godina-ja-ochekuva-bura-ne-sakam-da-se-razvedam-od-dushko-zaradi-decata-iako-nie-ne-funkcionirame-01.jpg

Српската пејачка Јелена Кралеуша на Инстаграм објави повеќе разголени фотографии во кои откри кои се нејзините најголеми желби за 2023-та година и што е она што си го посакува:

„Време е да си посакам нешто и себеси иако одамна веќе немам желби. Си посакувам себеси волја и сила, мотивација и фокус. Си посакувам себеси цврсто и здраво тело и уште посилна психа за да ја издржам бурата што доаѓа.

Си посакувам себеси да најдам толку многу добрина во себе за да им простам на луѓето што ми прават лошо, на лошото да вратам со добро. Си посакувам себеси она што одамна го немам, а тоа е љубов...“ – напиша меѓу другото таа.

Пред неколку дена Јелена Карлеуша беше гостинка во една емисија во српската телевизија K1 каде зборуваше отворено за бракот со Душко Тошиќ, за својата кариера, новите проекти, но и приватниот живот.

„Душко Тошиќ ме изнервира па морав да го казнам со една објава, но не сме разведени. Не сме разведени на хартија и сѐ уште живееме во иста куќа.

Односот ни е специфичен, не знам како да се изразам, за повторно да не ми се јави неговиот адвокат. Тажно е што го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и тука ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене“ – рече таа.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by JELENA KARLEUSA - FAN PAGE (@blogofdiva)

Според неа, нивниот, како и секој втор брак во Србија е нефункционален, а главна причина за тоа е што мажите немаат доволно почит за жената.

„На првиот брак ставив точка мошне лесно. Сега односите во домот се нарушени и чекам Душко да сфати дека јас сум божица на универзумот и негова единствена вистинска љубов.

Едноставно не сакам да се помирам со каков било вид неуспех, како на план на кариера, така и на приватен план. Јас сум дете на разведени родители и алергична сум на пропаста на семејството како институција“ – вели таа.

jelena-karelusha-veli-deka-slednata-godina-ja-ochekuva-bura-ne-sakam-da-se-razvedam-od-dushko-zaradi-decata-iako-nie-ne-funkcionirame-02.jpg

Јелена додава дека една од причините заради која не сака да се разведе од Душко е тоа што не сака нејзините деца да имаат разведени родители.

Карлеуша тврди дека нејзините ќерки Атина и Ника поминувале низ страшни периоди заради неа.

„Јас сум жена чиишто разголени фотографии со месеци беа на насловните страни на медиумите без никакво право за одбрана на честа и на угледот, незаконски и спротивно на новинарската етика. За мене не постоеја човекови права кога доживував сексуално малтретирање на сите страници.

jelena-karelusha-veli-deka-slednata-godina-ja-ochekuva-bura-ne-sakam-da-se-razvedam-od-dushko-zaradi-decata-iako-nie-ne-funkcionirame-04.jpg

Моите ќерки беа сведоци на ‘силувањето на една жена’, а за жал таа жена беше нивната мајка. Морав ним да им да им објаснам на еден суров начин каков е животот и што е реалноста и што е нивната мајка за ова тажно општество.

Морав да им кажам дека тоа нема да го доживее ниту една друга жена, туку само нивната мајка, затоа што нивната мајка е посебна. Нивната мајка може да поднесе и да издржи сѐ и од секоја ситуација да излезе како победник“ – рече Јелена.

jelena-karelusha-veli-deka-slednata-godina-ja-ochekuva-bura-ne-sakam-da-se-razvedam-od-dushko-zaradi-decata-iako-nie-ne-funkcionirame-03.jpg

За потсетување, Јелена минатата година на Инстаграм објави дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ кратко откако се вселија во новата вила на Дедиње, за потоа да се премисли и да каже дека нема намера да се разведе.

Во продолжение погледнете го целото гостување на Јелена:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карл... Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и о...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со... Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...

Најчитани неделава