Се кае за операцијата на носот, не признава дека ги зголемила градите – Николина Пишек на почетокот на кариерата и денес (фото)

„Имав нестручен зафат на носот што резултираше со повеќе проблеми, сметам дека ботоксот во мали количини и како средство за превенција не е зло“ – рече во една прилика Николина Пишек. Какви промени направила хрватската убавица на своето тело и колку се променил нејзиниот изглед низ годините?

se-kae-za-operacijata-na-nosot-ne-priznava-deka-gi-zgolemila-gradite-nikolina-pishek-na-pochetokot-na-karierata-i-denes-foto-01.jpg

За водителката Николина Пишек многумина коментираат дека е убава и згодна, а според други нејзиниот изглед е последица на голем број естетски третмани и операции.

Нејзините фотографии често провоцираат коментари за тоа дали направила операции или си поиграла со Фотошоп, а дел од балканските медиуми пишуваа дека таа направила операции за зголемување на градите и на носот.

На социјалните мрежи кружи фото споредба од познатата водителка од почетокот на нејзината кариера во 1998-ма година и денес, на која може да се забележи видлива разлика.

Додека во минатото дел од медиумите во регионот пишуваа за нејзината операција за зголемување на градите во една белградска клиника пред да почне да работи во ТВ Пинк, Николина ги отфрли овие информации и се закани со тужби за сите што ќе пренесуваат такви невистини.

Од друга страна се претпоставува дека таа ги задебелила усните, а откри и дека имала неколку операции на носот за што зажалила.

„Имав нестручен зафат на носот што резултираше со повеќе проблеми – со естетски и медицински карактер. Сега можам да откријам дека ми е отстранета ‘рскавицата и нестручно поставениот свод, ми беше предизвикана тешка девијација и мошне дискутабилен естетски резултат.

Би сакала да истакнам дека откако ми беше направена штетата многу е тешко да се вратам на почетната позиција, а уште потешко да се подобри севкупната слика.

Затоа, ако планирате да одите на некоја операција, размислите за опциите, добро информирајте се и отворете ги очите пред да тргнете во акција“ – рече таа за esthetic.rs.

se-kae-za-operacijata-na-nosot-ne-priznava-deka-gi-zgolemila-gradite-nikolina-pishek-na-pochetokot-na-karierata-i-denes-foto-02.jpg

Николина во истото интервју вели дека не сака да ги пробува новите третмани за подмладување, а дека нејзиниот совршен изглед се должи само на редовно вежбање и нега.

„Користам евентуално некои брзински методи за самопомош и одржување. Сметам дека ботоксот во мали количини и како средство за превенција не е зло. Напротив, кога ќе стане предоцна, ниту ботоксот не може да помогне. Можеби само естетскиот хирург и молитвата“ – вели таа.

Погледнете повеќе фотографии од Николина во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум ... „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќ...
Николина Пишек се смири со свекорот, кој ѝ забрани да влезе во станот во Белград каде што живееше со... Најголемиот спор меѓу хрватската водителка и таткото на нејзиниот починат сопруг...
Северина на 35 години матура со соучениците и класниот: „Им дојдов како маскота, но сепак ми се раду... „Ова беше прекрасна матурска вечер од 35 години со овие прекрасни мали идиоти, о...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава