Наскоро ќе има принова во семејството Ѓоковиќ - братот на славниот тенисер го очекува првото дете

„Веќе не можам да кријам, сѐ стана очигледно“ - снаата на Новак Ѓоковиќ откри дека наскоро во семејството ќе имаат нов член. Таа и братот на славниот тенисер за 3 месеци ќе го добијат своето прво дете, а пред 4 месеци стапија во брак.

prinova-vo-semejstvoto-gjokovikj-bratot-na-slavniot-teniser-go-ochekuva-prvoto-dete-01.jpg

Во септември 2022, братот на светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе во Црна Гора стапи во брак со својата девојка Сашка Веселинов, само неколку недели откако ја запроси на Калемегдан, а сега познатата српска водителка откри дека за 3 месеци ќе го добијат своето прво дете.

Сашка Веселинов на својот Инстаграм профил објави прва трудничка фотографија до која напиша:

„За помалку од 3 месеци во нашето семејство стигнува засилување, а од тој миг јас ќе ја добијам најважната улога во животот – ќе станам мајка.

Долго време не сакав да зборувам на оваа тема, ги избегнував јавните настани иако од првиот ден сѐ е во ред со бременоста, но за среќата навистина не треба да се молчи.

Сега, кога сѐ стана очигледно и не успевам да го скријам стомакот, драго ми е што на овој начин можам да ги поделам најсреќните вести со вас.“

Инаку, Сашка и Ѓорѓе имаа магична свадба во Црна Гора во септември годинава, на која присуствуваа Новак и Јелена, како и голем број други познати српски личности, а гостите на свадбата ги забавуваа Милица Павловиќ, Саша Ковачевиќ и Жељко Самарџиќ.

Прочитајте и Стапија во брак боси на плажа, Новак пееше со Саша, а гостите правеа склекови – вториот ден од свадбата на Ѓорѓе и Сашка Ѓоковиќ (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Братот на Немања Гудељ се смири со бившата девојка, по наводната врска со атрактивна српска пејачка ... Папарацо фотографите го уловија со атрактивната пејачка Ема Радојко, но тој не ј...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Братот и снаата на Теодора Џехверовиќ сите пари ги вложиле во Дубаи, мајката вели: „Им реков да се в... „Тој ризикуваше кога се пресели, ги вложи сите пари што ги имаше. Јас пробувам с...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава