Петар Грашо за Данијела Мартиновиќ: „Не сме скарани – во одлични односи сме!“

„Тешко се одвојувам од ќерката и сопругата, а со Данијела сме во одлични односи“ – Петар Грашо накратко одговори на прашањата за својот приватен живот и ги негира гласините дека тој е скаран со својата поранешна партнерка Данијела Мартиновиќ.

petar-grasho-za-kavgata-so-danijela-ne-sme-skarani-vo-odlichni-odnosi-sme-01.jpg

Минатата година хрватскиот пејач Петар Грашо се најде среде скандал откако одлучи да ја прекине врската со пејачката Данијела Мартиновиќ, по што се ожени со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана, со која ја доби ќерката Алба.

Петар заедно со сопругата Хана во средата (25.01) присуствуваше на доделувањето на „MAC“ наградите во Белград каде што ја доби наградата за „концерт на годината“.

petar-grasho-za-kavgata-so-danijela-ne-sme-skarani-vo-odlichni-odnosi-sme-02.jpgфото: YouTube

На настанот тој говореше за тоа колку му значи наградата што ја добил, но ги прокоментира и случувањата на приватен план.

Како што рече, тешко се одвојува од ќеркичката Алба, па најчесто таа ги придружува на патувањата.

„Хана е тука како ќерка на водителот (Тончи) и како сопруга на Петар, а најмногу е тука како мајка на ќерќичката од која тешко се одвојувам, така што ги ловиме тие заеднички мигови колку што е можно повеќе. Малата веќе помина низ 3-4 држави, се напатува и многу сака да патува, а најважно е што сме заедно“ – рече тој.

petar-grasho-za-kavgata-so-danijela-ne-sme-skarani-vo-odlichni-odnosi-sme-03.jpgфото: YouTube

Освен за односот со ќерката и сопругата, Грашо одговори и на прашања за свадбата од минатата година.

„Нашата идеја беше свадбата да биде анонимна, но тоа беше сѐ, само не анонимна. Присуствуваа 3-4 пати повеќе новинари, а јас не сум таков тип човек што сака да ги експонира приватните работи“ – рече тој.

Во медиумите во последните две години често се шпекулира за тоа во каков однос е тој со хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ, откако претходно одлучија да стават крај на 24 години долгата врска, за потоа брзо да се ожени со Хана Хуљиќ и да стане татко.

„Со никого не сум скаран. Со Данијела сме во добри односи“ – рече Петар.

petar-grasho-za-kavgata-so-danijela-ne-sme-skarani-vo-odlichni-odnosi-sme-04.jpg

Инаку, Петар и Данијела ретко коментираат за нивната врска и за нивното раскинување. Тие двајца беа заедно 24 години, но никогаш не застанаа пред олтар.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...

Најчитани неделава