Сака да стане татко, но не ја нашол вистинската, мрази кога го прогонуваат омажени жени – Зошто MC Стојан ги крие девојките?

„Сум добил безброј пораки од омажени жени, поранешна девојка ме удри со далечински управувач затоа што ѝ раскинав“ – српскиот музичар MC Stojan ги краде воздишките кај девојките, а самиот признава дека е очаен да стане татко, но сѐ уште ја бара вистинската девојка за тоа.

saka-da-stane-tatko-no-ne-ja-nashol-vistinskata-se-zgrozuva-koga-mu-se-dodvoruvaat-omazheni-zheni-fakti-za-mc-stojan-01.jpg

MC Стојан е познат по големиот број дуети со познатите српски пејачки, како и по неговите самостојни хитови, а вели дека неговата музика најчесто е инспирирана од смешните ситуации што му се случувале со жените.

Марко Стојковиќ е српски рапер кој на публиката ѝ е попознат како MC Стојан. Роден е во Лучани во Србија во 1982-ра година, а интересен податок е дека се родил како најтешко бебе со 5,2kg. 

Кога бил во седмо одделение напишал химна за своето одделение насловена „VII 2 je mafija“ и уште тогаш бил сигурен дека сака да се занимава со музика. Средното образование го завршил во родното место, а по средното образование се преселил во Белград за да студира на Економскиот факултет.

Во 2005-та година станува познат откако ја објавил првата песна „Bičuj me, Stojane“, а потоа следеле уште голем број други хитови, заради кои тој ќе стане еден од српските музичари со најголем број настапи и гостувања во дијаспората.

saka-da-stane-tatko-no-ne-ja-nashol-vistinskata-se-zgrozuva-koga-mu-se-dodvoruvaat-omazheni-zheni-fakti-za-mc-stojan-04.jpg

Во 2009-та година со Ксенија Пајчин ќе го сними дуетот „Pozuri“,  а тие двајца биле многу добри пријатели.

По смртта на Ксенија, тој ќе ја објави песната „Da ona zna“ во која сакал да ги опише сопствените емоции заради трагичната смрт на својата пријателка и колешка.

Во 2013-та година MC Стојан имал инцидент во Тузла кога обожавателките го повлекле од бината, по што тој паднал незгодно и го скршил зглобот на ногата.

saka-da-stane-tatko-no-ne-ja-nashol-vistinskata-se-zgrozuva-koga-mu-se-dodvoruvaat-omazheni-zheni-fakti-za-mc-stojan-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Војаж ја покажа новата девојка: „Таа живее во Норвешка, кога се запознавме немаше поим кој сум“ „Конечно можам да разговарам со некој како Михајло и кога и да сум со неа се чув...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg