„Ги занемарив симптомите“ - Сопругата на Тони Цетински за првпат проговори за мозочниот удар

„Два дена пред да ми се случи мозочниот удар, чувствував симптоми, кои ги занемарував – тоа беше трнење...“, започнува Дубравка Цетински која вели дека по мозочниот удар, константно ја мачеле мислите од типот „Што ако се повтори? „Сигурно повторно ќе ми се случи!“.

gi-zanemariv-simptomite-soprugata-na-toni-cetinski-za-prvpat-progovori-za-mozochniot-udar-03_1.jpg

Сопругата на пејачот Тони Цетински, Дубравка Цетински, за хрватските медиуми за првпат јавно проговори за мозочниот удар, кој го доживеала во 2019 година.

Таа откри како ѝ се одземала целата десна страна, како паднала на под, но поради соодветната и навремена реакција на Тони, таа денес е во ред и е среќна жена, која не ја трга насмевката од лицето.

За да ги освести и другите да не ги направат грешките кои таа ги направила, Дубравка јавно проговори за оваа немила епизода од животот.

gi-zanemariv-simptomite-soprugata-na-toni-cetinski-za-prvpat-progovori-za-mozochniot-udar-02.jpg

Дел од нејзината исповед:

„Две дена пред да ми се случи мозочниот удар, чувствував симптоми, кои ги занемарував – тоа беше трнење.

Тој трет, кобен ден ми се одзедоа десната рака и десната нога, почнаа да ми се грчат и само паднав.“

gi-zanemariv-simptomite-soprugata-na-toni-cetinski-za-prvpat-progovori-za-mozochniot-udar-02_1.jpg

Тони Цетински споделува негово гледиште на целиот настан:

„Ја слушнав дека викна и како што викна, така падна. Потоа, јас отидов на терасата и видов дека се тресе. Тоа што доби мозочен удар се манифестираше како најтежок облик на епилепсија.

Не можеш веднаш да знаеш за што станува збор.

Некако издиша и тука помислив дека е готово, но тоа беше процес кога почна да се смирува и да си доаѓа на себе.

Викнав брза помош и, за среќа, дојдоа брзо и веднаш ја одведоа.“

gi-zanemariv-simptomite-soprugata-na-toni-cetinski-za-prvpat-progovori-za-mozochniot-udar-04.jpg

Дубравка речиси 4 години подоцна првпат собра храброст да говори за тоа и продолжува:

„На почетокот е многу тешко да зборувате за тоа што ви се случило затоа што во вас влегува страв, а стравот е ужасна работа и за справување со него – клучна е поддршката.
Јас имав голема поддршка од својата мајка, сопругот, нашите семејства.

Во главата постојано размислувате: „Што ако се повтори? „Сигурно повторно ќе ми се случи!“ и во тие мигови единствено што можете е да си се налутите на самите себе и да си кажете: „Добро, доста е, сега мора да се обидам да го победам тој страв.“

Инаку, кога мојата кума дознала дека сум во болница, ми викнала свештеник да се исповедам и мене тоа ми помогна многу. Од тој миг верата ми беше лек, имам свој духовен отец и волонтирам во еден манастир.“

Таа на крај додава дека Тони е тој кој ѝ го спасил животот со навремената реакција.

gi-zanemariv-simptomite-soprugata-na-toni-cetinski-za-prvpat-progovori-za-mozochniot-udar-03.jpg

gi-zanemariv-simptomite-soprugata-na-toni-cetinski-za-prvpat-progovori-za-mozochniot-udar-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...
Сопругата (49) на Тарик Филиповиќ блеска на одмор во Хрватска - повљубени се од кога било, по роденд... Парот во 2008 година го доби синот Арман, кој неодамна стана полнолетен. Но, Тар...

Најчитани неделава