Животот на Сека Саблиќ - за себе вели дека е намќор што не се смее, крие кој е татко на нејзиниот син
Уште неколку интересни факти за Сека Саблиќ...
Нејзината мајка сакала таа да биде дактилограф, но Сека се спротивставила и запишала глума.
Таа денес е една од најнаградуваните српски актерки.
Улогата на Кристина во комедијата „Maratonci trče počasni krug“ од 1982-ра година ѝ донесе голема популарност.
Препознатлива е и по филмските улоги во филмовите „Sekula i njegove žene“, „Kako sam sistematski uništen od idiota“, „Davitelj protiv davitelja“, „Hadersfild“, но и во сериите „Bolji život“, „Srećni ljudi“, „Porodično blago“ и „Ljubav, navika, panika“.
Иако сите ја знаат како „кралица на хуморот“, таа вели дека приватно е голем намќор што постојано приговара за нешто, а хуморот не е дел од нејзиното секојдневие.
„Ретко што може да ме натера да се насмеам. Обично тоа е некој апсурд или детски хумор.
Можеби кај возрасните кога некој не е свесен дека е смешен.
Не можам точно да формулирам што може да ме насмее“ - вели таа.
Жали што режисерите никогаш не ѝ понудиле улога на заводничка.
Една од најдобрите пријателки ѝ беше актерката Милена Дравиќ.
Сека вели дека не е жртва на предрасуди и дека сакала да проба сè во животот.
Во сцена од серијата „Nemoj da zvocaš“ таа навистина пуши марихуана, а од љубопитност пробала и халуциногени дроги.
А. Ј. | Црнобело / фото: Facebook