„Тоа е врв на патријархатот, зошто славната жена да го промени презимето...? Врати го старото, не знаеме за кој се работи!“ - се дел од критиките кои масовно се проширија деновиве, откако српската атлетичарка која е светски првак, Ивана Шпановиќ, одлучи да го промени презимето по стапувањето во брак.