Бака Прасе со емотивна исповед: „Две работи ме уништија - смртта на Кика и разделбата со Ања“

„Медиумскиот линч кој го доживеав по смртта на Кика, со текот на времето стануваше сè полош. Луѓето онлајн почнаа да се вртат против мене и да вперуваат со прст на улица, одев во полиција итн. Згора на сè, Ања и јас раскинавме и тука пукнав.“, вели Бака Прасе, кој откри дека за 5 години на Јутјуб од прегледи заработил речиси 100.000 евра, а дека од спонзори не заработува од скандалот со малолетничките во 2020-та.

baka-prase-so-emotivna-ispoved-dve-raboti-me-unishtija-smrtta-na-kika-i-razdelbata-so-anja-01.jpg

Бака Прасе е најпознатиот јутјубер од регионот, кој се повлече од Јутјуб и од социјалните мрежи по скандалите со смртта на младата јутјуберка Кика Ѓукиќ (21), но и по разделбата со неговата сакана Ања.

За првпат од тој миг тој се огласи на својот Инстаграм профил. Го спомена и скандалот за наводните написи со малолетнички од 2020-та во кои им предлагал секс.

Емотивната исповед на Бака Прасе:

„Не знам од каде да почнам...

Прво сакам да ви кажам дека ми недостигавте, особено контактот со вас, затоа што се исклучив. Сметам дека ви должам објаснување зошто ме немаше и зошто нема да ме има.

Што се случи? Зошто исчезнав? Каде живеам сега? Дали повторно ќе снимам за Јутјуб?

View this post on Instagram

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

На сите прашања ќе се обидам да ви одговорам на Инстаграм Стори.

Се случија две работи кои ме скршија психички и кои ми ја убија желбата за снимање и за јавен живот.

Првата, се разбира, е ситуацијата со Кика, а втората разделбата со Ања.

https://www.instagram.com/p/Ca2jXo6gEkR/

Двете ситуации многу лошо влијаеа на мене и ми падна тешко да ги пребродам.

Медиумскиот линч кој го доживеав по смртта на Кика, со текот на времето стануваше сè полош. Луѓето онлајн почнаа да се вртат против мене и да вперуваат со прст на улица, „колегите“ ја искористија шансата да ме критикуваат и да соберат прегледи на Јутјуб, за да заработат, одев во полиција итн. Згора на сè, Ања и јас раскинавме и тука пукнав.

Цел јануари не можев да си дојдам на себе. Го поминав во кревет размислувајќи: „Што ќе правам јас со својот живот?“

Често ви говорев дека ќе престанам да снимам во оној миг кога повеќе нема да сакам да го правам тоа. Тој миг дојде!

Тогаш одлучив да престанам и никогаш да не се вратам на Јутјуб. Не можев повеќе, бев скршен емоционално и психички.

Многу луѓе се во фазонот дека мора да снимам затоа што од тоа живеам, но интересен факт е дека јас од инцидентот со малолетничките во 2020-та година не сум земал ниту денар од спонзори, и дека веќе година и половина заработувам само од прегледи, а како што знаете тоа и не е некоја сума...

Ќе ви кажам колку точно сум заработил од прегледи на Јутјуб во текот на 5 ипол години работа.

Сумата е 99.157 евра.

Да, веќе подолго време се занимавам со други работи и снимам за Јутјуб исклучително затоа што сакам да снимам и затоа што ве сакам вас и ништо во животот не ме прави посреќен од тоа кога ќе ги видам вашите коментари, пораки и насмеви на лицето кога ќе ме видите.

Но, искрено, ми беше претешко и одлучив да се повлечам.

Се посветив на себе, тренинзи, психичкото и физичкото здравје, моето семејство и моите ИСКРЕНИ И ВИСТИНСКИ пријатели, кои не ми го свртеа грбот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девојката на Бака Прасе ужива на одмор во Будва, сексапилна во танга бикини - овојпат летува без јут... Ања Бла (22) објави жешки фотографии од плажа и видеа на кои е под туш и се разл...
Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко, девојката Ивана е бремена со нивното прво дете Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, и неговата девојка Ивана Ма...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бре... Низ хрватските медиуми брзо се прошири веста дека Петар Грашо повторно ќе стане ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg