Стан од 2,5 милиони евра, скандал за педофилија: Бака Прасе (23) - најпознатиот српски Јутубер

Најпознатиот српски Јутубер се најде среде скандал со педофилија и наводно му се заканува дури и затвор, но Бака Прасе вели дека сето тоа е клевета и планира да поднесе тужби.

stan-od-2-5-milioni-evra-skandal-za-pedofilija-baka-prase-23-najpoznatiot-srpski-jutuber-01.jpg

Богдан Илиќ е 23-годишно момче од Србија кое стана еден од најпознатите Јутубери во оваа држава, па и во регионот.

Тој има повеќе од еден милион следбеници на Инстаграм, a 1.8 милиони на Јутуб.

Вели дека месечно заработува повеќе од 115.000 евра од реклами на своите канали, а лансираше и своја модна линија.

Неодамна од својата заработувачка почна да живее во изнајмен стан од 2.5 милиони евра со џакузи, сауна и низа други луксузи.

Иако многупати е дрзок и ги прави работите на негов начин за што многумина го обвинуваат, сепак тој за своите години успеа неверојатно брзо да стекне огромна популарност, а и со заработувачката да надмине многу свои колеги. 

Но, периодов тој е актуелен во српските медиуми со скандалот за педофилија. Протекоа негови наводни преписки со малолетни девојчиња, од кои една 14-годишна, како и информации дека имал секс со девојки од 14 и 16 години. Наводно ги терал да му праќаат разголени фотографии и ги канел во својот стан.

Некои сметаат дека ова е сценарио на неговите хејтери, додека други тврдат дека заслужува казна затвор. Бака Прасе вели дека ќе поднесе тужби против тие што го клеветат лажно.

Видеaта во кои Бака Прасе говори за скандалот, а ја изреволтираа јавноста:

https://www.youtube.com/watch?v=-ePVDPKT0vE

https://www.youtube.com/watch?v=a1-shEWhytM

Неговиот нов изнајмен стан:

https://www.youtube.com/watch?v=WR1Ts_DMpy4

Фотки од Бака Прасе:

На следната страна реакциите на Твитерџиите на скандалозното однесување на Бака Прасе...



Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон... Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив ...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg