Наташа Беквалац со емотивна објава за роденденот на ќерката: „Ти си моја најголема потпора - не ни е лесно, но најдобро ни е“

„Ти си мојот најголем успех, моја безусловна љубов, моја потпора, мој сопатник и борец“ - со емотивна објава Наташа Беквалац го одбележа 15-иот роденден на ќерката Хана која ја доби од првиот брак со ватерполистот Данило Икодиновиќ, со кого вели дека е во најдобри односи.

natasha-bekvalac-so-emotivna-objava-za-rodendenot-na-kjerkata-ti-si-moja-najgolema-potpora-ne-ni-e-lesno-no-najdobro-ni-e-01.jpg

Српската пејачка Наташа Беквалац има две ќерки, Хана и Катја.

Таа неодамна го прослави четвртиот роденден на ќерката Катја која ја доби од бракот со Лука Лазукиќ, а денес (17.03) го одбележа и роденденот на својата прва ќерка Хана.

Наташа објави повеќе заеднички фотографии од неа и од Хана до кои напиша:

„Среќен роденден мое прво бебе, најголема љубов на мама. Ти си мојот најголем успех, моја безусловна љубов, моја потпора, мој сопатник и борец.

Ти благодарам што 15 години си мој водич низ целиот живот, учител и ти благодарам што сум ти мајка. Не ни е лесно, но најдобро ни е. Те сака твојата мајка. Се годеам на секој твој чекор. Секој чекор, не заборавај.“

Инаку, Наташа ја доби Хана од бракот со ватерполистот Данило Икодиновиќ, со кого се разведе во 2011-та година. Медиумите често пишуваа за лошите односи меѓу Данило и Наташа, но тие во повеќе наврати нагласуваат дека се во добри односи заради нивната ќерка.

Прочитајте и „Беше тешко, и нормален би полудел“ – Во какви односи е Наташа Беквалац со бившиот сопруг и што зборуваат еден за друг?

natasha-bekvalac-so-emotivna-objava-za-rodendenot-na-kjerkata-ti-si-moja-najgolema-potpora-ne-ni-e-lesno-no-najdobro-ni-e-02.jpgфото: Принтскрин - YouTube

Наташа неодамна беше гостинка во емисијата „ Na saslušanju“ на YouTube каналот на informer.rs каде говореше за повеќе работи од својот приватен живот, а откри дека заедно со поранешниот сопруг Данило и со Хана одат на психолог.

Како што рече, смета дека тоа е добар совет за сите родители чиешто дете е адолесцент.

Освен тоа, Наташа рече дека е во добри односи со сите поранешни сопрузи, освен со еден.

Добри односи одржува со првите два сопрузи Данило Икодиновиќ и Љубомир Јовановиќ со кои сѐ уште е во добри односи, но не и со таткото на нејзината втора ќерка Катја, Лука Лазукиќ, кого јавно го обвини за семејно насилство.

Прочитајте и Наташа Беквалац по хоророт со третиот сопруг: „Трпев заради ќерка ми – сега психијатарот ми вели дека не ми треба маж“

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...
Наташа Беквалац искрено за бившите: „Би му се вратила на Данило ако морам, а најмногу го повредив вт... „Не се радувам на ниту еден развод но драго ми е што сме изедначени“ – се пошегу...

Најчитани неделава