Наташа Беквалац по хоророт со третиот сопруг: „Трпев заради ќерка ми – сега психијатарот ми вели дека не ми треба маж“

„Трпев затоа што имав ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче. Сега животот без посилна половина е фантастичен“ – вели Наташа Беквалац која по хоророт со третиот сопруг цели три години е сама, а открива што ја советува психијатарот.

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-01.jpg

Наташа Беквалац (41) по третиот брак со Лука Лазукиќ во кој беше жртва на семејно насилство отворено говори зошто повеќе години наназад одлучно не сака да влегува во нови врски, но и што мисли за тоа нејзиниот психијатар.

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-06.jpg

Беквалац досега била трипати во брак. Од бракот со ватерполистот Данило Никодиновиќ ја доби ќерката Хана. Од 2015-та до 2017-та беше во брак со ракометарот Љубомир Јовановиќ, а истата година стапи во брак со Лука Лазукиќ со кого ја доби ќерката Катја.

Прочитајте и „Беше тешко, и нормален би полудел“ – Во какви односи е Наташа Беквалац со бившиот сопруг и што зборуваат еден за друг?

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-02.jpg

Наташа претходно тврдеше дека Лазукиќ почнал да ја малтретира уште од првиот ден кога стапиле во брак на 25-ти септември 2017-та година, а крвнички беше претепана на 14-ти април 2018-та година затоа што нагло го разбудила, кога следеше и третиот развод.

luka.jpgфото: novosti.rs

„Секоја жена пред да стапи во брак, покрај што е вљубена треба добро да го запознае сопствениот партнер. Јас бев занесена и вљубена. Веднаш по венчавката почна и мојот пекол. Трпев затоа што имав ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче, проблемите ги туркав под тепих, а тоа подоцна кулминираше.

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-04.jpgФото: pulsonline.rs

Сè уште имам грозно чувство во стомакот кога ќе се сетам на сè. Страшно психичко и физичко малтретирање. Како и секоја жртва на насилство ја загубив самодовербата и бев отсечена од семејството и пријателите. Останав сама“ – изјави тогаш Наташа.

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-05.jpg

По разводот и понижувањето што го претрпела Наташа побарала помош од психијатар затоа што не сакала да има трајни емотивни последици.

„Со месеци спиев само по 2-3 часа, се плашев да заспијам, затоа што имав кошмари, се будев препотена“ – опишуваше тогаш таа.

Сега, цели три години по хоророт што го претрпе во третиот брак и разводот со Лука Лазукиќ, Наташа продолжила редовно да посетува психијатар, а оттогаш не се впуштила во емотивна врска.

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-08.jpg

Во изјава за српски Blic Наташа тврди дека веќе три години е сама, дека нема дечко, но поради тоа се чувствува одлично.

Таа открива што мисли нејзиниот психијатар за тоа што одлучила да остане сама толку долго време.

„Таа рече дека не треба да се грижам, дека со мене сè е во ред. Животот без посилна половина е фантастичен. Јас никогаш и не трагав за половина, се сметам себеси за комплетна и цела“ – вели таа.

natasha-bekvalac-po-hororot-so-tretiot-soprug-trpev-zaradi-kjerka-mi-sega-psihijatarot-mi-veli-deka-ne-mi-treba-mazh-07.jpg

Како што вели, имало период кога тоа не било така, но сега се чувствува одлично.

Наташа и претходно говореше за тоа зошто настојува да остане сама, па во една прилика изјави дека поради тоа што премногу брзо влегувала од брак во брак, сега ѝ е потребно време да биде сама и да поработи на себеси.

Фотки од Беквалац:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...

Најчитани неделава