Даниел Кајмакоски објави фотка со трудничкото стомаче на сопругата - откри дека очекува второ дете

„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Го чекаме нашето малечко“ – напиша Даниел Кајмакоски и откри дека неговата сопруга е бремена.

daniel-kajmakoski-objavi-fotka-so-trudnichkoto-stomache-na-soprugata-otkri-deka-ochekuva-vtoro-dete-01.jpg

Пејачот Даниел Кајмакоски откри дека очекува дете со сопругата. Тој објави фотографија од неа на која таа го држи трудничкото стомаче.

„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Го чекаме нашето малечко“ – напиша Даниел.

Ова ќе биде второ дете на пејачот. Тој веќе го има синот Давид од бракот со манекенката и пејачка Кристина Димитри.

Кајмакоски, кој последниве години живее во Белград, вторпат се ожени во јануари 2023 година.

Тогаш објави неколку фотки со сопругата и напиша дека поради неа тој е подобар човек.

Даниел долго време не зборуваше во јавноста за својот љубовен живот.

Тој минатото лето објави први фотки со девојката, кога ја однесе на прошетка во Охрид и на Свети Наум.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава