Миа Костова на патување од соништата низ Италија: „Ме чинеше 4.000-5.000 евра, Алберобело и Матера ме восхитија“

Цената на пица е околу 15-20 евра. Претежно немаат утка, совршено тесто и тоа што ми се допаѓа е што готват основно, без многу „пренамагање“.

Се знае што може да има на пица или на паста. Нема додатоци, кечап, зачини, мајонез... Сè е совршено, без ниту една капка маслиново повеќе.

Иако од сите места најкратко ја видов Фиренца, сепак мислам дека таа е најблиску до мојот карактер и би можела да се замислам да живеам таму. На постари години, пак, би си купила куќа на Тоскана за да си берам грозје за вино.

Сакавме да посетиме и многу други места, но искрено ни физички, ни психички, не беше изводливо.

На Амалфи во лето не би отишла никогаш. Ако во април е хаотично како што беше, можам да замислам што е во август. А да ме газат и да платам 100 евра лежалки не сум расположена. Италија е совршенство за шетање, но за летен одмор не би ја одбрала.

Во Позитано не пливавме. Имаше капачи, но нас некако не ни беше за бањање, водата беше кочан студена, а и надвор не беше прежешко.

Ни останува уште Римини, па одиме во Хрватска, сепак, некој мора во училиште. 10 дена Италија и 4 Хрватска, така е планот.

Ме споредувате со Берта Додевска и тоа ми е комплимент, Берта имаше врвни репортажи.

Искрено, немав воопшто идеја како да ви ја пренесам приказнава од Италија, едноставно седнавме, направивме видео и сфативме дека е полн погодок, па продолживме понатаму.“

Видеата од патувањето на Миа:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...

Најчитани неделава