Јелена Спенџарска коментира вирален твит: „На Балканот има најубави жени, но најгрдо стареат, веќе на 45+ сме баби“

„Можеби на Балканот има најубави жени, но најгрдо стареат. Веќе на 45+ сме баби. Слаби, неслаби, тоа се виснато, брчки колку сакаш, заби ич, кожа за никаде, кондиција... Мажите па не се ни за споменување“, гласи виралниот твит за кој Јелена Спенџарска коментира на Инстаграм и ги бара причините за ваквата ситуација.

jelena-spendjarska-komentira-viralen-tvit-na-balkanot-ima-najubavi-zheni-no-najgrdo-stareat-vekje-na-45-sme-babi-01.jpg

Јелена Спенџарска, која периодов ужива во Солун кај својот сакан, прокоментира еден твит од македонска твитерџика, кој вирално се споделува.

Со твитот некои луѓе се согласуваат, додека други велат дека ситуацијата воопшто не е таква. Што мислите вие?

Твитот гласи:

„Можеби на Балканот има најубави жени, но најгрдо стареат.
Веќе на 45+ сме баби.

Слаби, неслаби, тоа се виснато, брчки колку сакаш, заби ич, кожа за никаде, кондиција исто така...
Мажите па не се ни за споменување. Торлак до торлак.

Еден другар вика дека е до изложеноста на сонцето“.

По споделување на твитот Јелена во видео на Инстаграм Стори вели:

„Отворив на социјалните мрежи и го видов ова, па ме интересира дали и вие мислите дека жените во Македонија грдо стареат?

Сонцето јас мислам дека не е виновник, сонцето ние си го сакаме и живот дава и живот значи. Меѓутоа исхраната, ајде тоа пушење и алкохол не зборувам, ќе зборувам за константното живеење под стрес, економски проблеми, социјални проблеми, политички проблеми, тоа е факт дека предвреме нè старее.

Кај нас во Македонија некако тоа е нормално и тоа е тој момент што мене ми пречи... Некако луѓето како да не ја сфаќаат убавината на живеењето, едноставноста на живеењето, па премногу се опседнати со политики и глупости, меѓутоа не се сложувам во ова...“

jelena-spendjarska-komentira-viralen-tvit-na-balkanot-ima-najubavi-zheni-no-najgrdo-stareat-vekje-na-45-sme-babi-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Јелена Спенџарска се потсети на првото интервју со ДНК во 2010-та: „Андреј и Панчо беа ЕДНО, многу с... „Се сеќавам јас имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа (дека првпат ...
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава