Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Браво! Македонка изработи мурал на ѕид на вила во Грција, додека беше на одмор (фото)

„Сѐ на сѐ, не постои цена и ниедни пари на светот кои можат да го заменат тоа уживање, сите мои емоции, збогатени од повратните емоции на сите околу мене“ – вели за CRNOBELO.com Лидија Илиевска, наша уметница чијшто мурал краси еден од ѕидовите во апартман во Неа Врасна, Грција.

bravo-mural-na-skopjankata-lidija-izraboten-na-dzid-vo-apartman-vo-grcija-go-izraboti-dodeka-beshe-na-odmor-foto-video-01.jpg

Уметниците каде и да одат, на секој бел лист гледаат по едно уметничко дело, а нашата уметница Лидија Илиевска на белиот ѕид во вилата во Грција каде што била сместена на одмор изработила вистинско ремек-дело, кое ќе ѝ го остави како подарок на сопственичката.

Очигледно, Лидија, дури и кога е на одмор не може да побегне од она што ја прави најсреќна – а тоа е сликањето и изразувањето на сопствените емоции на бел ѕид.

bravo-mural-na-skopjankata-lidija-izraboten-na-dzid-vo-apartman-vo-grcija-go-izraboti-dodeka-beshe-na-odmor-foto-video-03.jpg

Фотографиите од овој мурал таа ги објави на нејзиниот Инстаграм профил, а за CRNBELO.com откри колку време ѝ било потребно да го заврши ова уметничко дело и кој ѝ помогнал.

„И така јас со сопругот си отидов на одморче во Грција и, оп, празен бел ѕид пред апартманот, кој не личи да е празен и нели не е сѐ во парите, вилата си го доби на подарок овој мурал, на кој газдите останаа вчудовидени и воодушевени од тоа што го добија“ – напиша таа на Инстаграм.

Инаку за CRNOBELO.com, Лидија открива дека таа по професија е туристички работник, и дека од неодамна е во пензија, а во душа, животна професија и мисија ѝ се сликарството и уметноста.

„Муралот во Грција го изработив за 2 дена, како подарок за госпоѓа Ана, сопственик на вилата во која престојував во Неа Врасна.

Муралот го изработив сама со морална поддршка од сопругот и соседите од Србија, кои престојуваа во вилата.

Тие помагаа со тазе сварено кафе, сокови. Сѐ на сѐ, не постои цена и ниедни пари на светот кои не можат да го заменат тоа уживање, сите мои емоции, збогатени од повратните емоции на сите околу мене. Една голема синергија“ – вели Лидија.

Погледнете повеќе фотографии од муралот со морски мотиви изработен од нашата Лидија:

bravo-mural-na-skopjankata-lidija-izraboten-na-dzid-vo-apartman-vo-grcija-go-izraboti-dodeka-beshe-na-odmor-foto-video-06.jpg

bravo-mural-na-skopjankata-lidija-izraboten-na-dzid-vo-apartman-vo-grcija-go-izraboti-dodeka-beshe-na-odmor-foto-video-04.jpg

bravo-mural-na-skopjankata-lidija-izraboten-na-dzid-vo-apartman-vo-grcija-go-izraboti-dodeka-beshe-na-odmor-foto-video-03_copy.jpg

bravo-mural-na-skopjankata-lidija-izraboten-na-dzid-vo-apartman-vo-grcija-go-izraboti-dodeka-beshe-na-odmor-foto-video-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg