Се породи Антониа Гиговска - „Станав татко“ се пофали Роберт Спасенцовски

„Станав татко. Фала ти господе за ова среќа“, напиша сопругот на Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски на Фејсбук и откри дека со пејачката станале родители. 

se_porodi-01.jpg

Пејачката Антониа Гиговска стана мајка. Таа се породи во приватна клиника во Скопје, а нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спаценовски преку 

?ref=embed_post" target="_blank" rel="noopener">Фејсбук откри дека добил син.

Тој на ја криеше радоста, па веднаш сподели со своите пријатели и следбеници и доби многу честитки за раѓањето на синот.

„Станав татко. Фала ти Господе за оваа среќа“, напиша тој.

?ref=embed_post

И таткото на Роберт, музичарот Боби Спасенцовски, објави емотивна порака:

„Велат стеблото од лозата многу го сакаш бидејќи ти си го посадил и е само твое. Ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен... Така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук, станав дедо.“

Антониа во текот на целата бременост со своите следбеници споделуваше фотографии и детали за тоа како ѝ напредува бременоста.

Пред породувањето често велеше дека едвај чека да се роди бебето и да стане мајка.

Антониа на интересен начин во ист ден (21.01) откри дека е бремена и дека се свршила со Роберт, кој настапува под прекарот Џокер.

Тогаш Антониа објави неколку фотки на кои Роберт го држи во уста тестот за бременост и фотографии од ултразвукот на бебето.

Парот се венча на 30-ти април 2023, а брзо потоа направија и фотосесија преку која го открија полот на бебето и објавија дека ќе добијат син.

По теркот на светските ѕвезди, пејачката објави фотосесија и со гол труднички стомак кога влезе во 9-тиот месец.

„36 недели бремена. Малечко мое, се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што нè чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од сè. Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал. Моја копија! Те чекаме. Те сакаме“, напиша тогаш Гиговска.

Прочитајте и Антониа Гиговска со трудничка фотосесија во 36-та недела: „Малечко мое бројам ситно да те гушнам“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава