Миа Костова за летувањето на Корзика: „Ден на плажа е минимум 200 евра, поубаво море нема да видите, но никогаш не би се вратила“

„Ако некогаш се решите за Корзика, гледајте да имате убава куќа во која може и да зготвите, затоа што 10 дена тука ќе ве чинат минимум 4.000-5.000 евра по човек. Ако ме прашувате дали вреди? Не, не вреди. Дали ќе видите поубаво море или плажа некаде? Дефинитивно не“, вели Миа за летувањето на познатиот француски остров.

mia-kostova-za-letuvanjeto-na-korzika-den-na-plazha-e-minimum-200-evra-poubavo-more-nema-da-vidite-no-nikogash-ne-bi-se-vratila-01.jpg

Миа Костова, со синот Андрија, пријателката Тијана Скулиќ и неколку нивни заеднички пријатели е на 10-дневно летување на островот Корзика во Франција.

Веднаш по пристигнувањето, откако ги објави првите фотки и видеа, Миа откри дека патувањето на Корзика ѝ било дамнешна желба, која сега конечно ѝ се остварила. 

mia-kostova-za-letuvanjeto-na-korzika-den-na-plazha-e-minimum-200-evra-poubavo-more-nema-da-vidite-no-nikogash-ne-bi-se-vratila-65.jpg

На познатиот француски остров, кој е четвртиот најголем остров на Медитеранот, Миа и пријателите отидоа со лет од Базел, кој трае еден час.

Таа ја покажа и бајковитата куќа во која престојуваат 5 возрасни и 2 деца, со базен, 4 спални соби и како што вели таа, тоа е најубаво опремената куќа што некогаш ја изнајмила, а во неа има буквално сè.   

Миа деновиве сними и многу видеа, ги покажа плажите кои ги посетија, како се забавуваат децата покрај базенот, ја пофали Тијана и нејзините кулинарски способности, откри што ѝ се допаднало најмногу, какви се цените на Корзика...

Пред крајот на летувањето на монденскиот француски остров, таа одговараше и на прашања од своите следбеници на Инстаграм Стори.

mia-kostova-za-letuvanjeto-na-korzika-den-na-plazha-e-minimum-200-evra-poubavo-more-nema-da-vidite-no-nikogash-ne-bi-se-vratila-02.jpg 

Ви пренесуваме дел од впечатоците и искуството на Миа:

„Корзика, остров од соништата, ретко е дестинација на туристите, па баш затоа ќе сретнете нељубезни Французи, прескапо ќе платите апсолутно сѐ, но со еден поглед на морето ќе ви биде јасно зошто баш - Корзика.

Дотаму стигнавме со авион. Летот од Скопје до Базел траеше 2 часа, од Базел до Корзика уште 1 час. На аеродромот изнајмивме автомобил, кој нè чини 300 евра за 9 дена.

Имаме огромна куќа со 4 спални соби, ние сме 5 возрасни и 2 деца. За 10 дена чини 4.700 евра.

Но, тука веќе не би се вратила. Многу голема тортура е секојдневното возење до плажи, кое е минимум половина час во еден правец, по многу напорен пат.

На Корзика немаат многу добар однос со туристите. Речиси сите се Французи и многу е скапо.

Можеби грешам но „бичфронт“ сместување не забележав никаде, а и да го има, сигурно ќе биде 1.000 евра по ноќ.

Однапред знаев колку е скапо, но секако сакав да дојдам. Имав желба да ја посетам Корзика, а во моментов имав и можност. 

358802341_1361872347729078_1727095751745212289_n_copy.jpg

Најмногу ме импресионираше морето, сместувањето – куќата е прекрасна, друштвото со кое сум, сè на сè, преубаво си поминувам.

Но, тука не се зборува ниту еден јазик освен францускиот. Англиски воопшто. Не сум првпат во Франција и ми се потврдува истото за јазиците. Среќа, во друштвото имаме некој што зборува француски, па ни е полесно.

Не шетаме секој ден и не јадеме по ресторани секој ден, ама еве, на пример, еден ден на плажа е минимум 200 евра, ако седнеш и на вечера плус - 300, со вино - да заокружиме на 500 евра. 

Лежалките покрај вода се 50 евра една, значи двете со чадор се 100 евра. И да, нема ништо вклучено во цената.

Кафе и вино не е скапо, меѓу 2,5 и 6 евра. Сладоледот е меѓу 3 и 4,5 евра.

360071280_1997789877236542_7892291007044262058_n.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава