Познати Македонци коишто зад себе имаат (барем) по еден брак

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов од 1992-ра до 2006-та година беше во брак со Искра Мишиќ, денес позната под презимето Канзурова. По разводот, нашиот најпознат шоумен и актер имаше долга врска со алпинистката Илина Арсова, а Искра пак се премажи за Владимир Канзуров со кого има две деца.

Тамара Тодевска

Тамара Тодевска 7 години беше во брак со кошаркарот Александар Димитровски, а во мај годинава објави дека тие двајца се разведуваат.

Пере од „Нокаут“

Никола Перевски Пере беше во брак со новинарката Александра Спирковска со која ги доби ќерките Миа и Каја. Од вториот брак со сопругата Јована, Пере доби уште две ќерки, Софи и Ирис.

Андријана Алачки

Андријана „Алачки“ во последните неколку години е позната по нејзината емисија „Вкусот на традицијата“. Таа долги години наназад беше во брак со хармоникашот Горан Алачки, но парот се раздели.

Калиопи

Калиопи зад себе има два брака. Првиот со Ромео Грил, а вториот со Васил Зафирчев.

Роберт Билбилов

Роберт Билбилов во последните денови е актуелен со фотографиите што ги објавува со неговата нова девојка Лејла Рамковска, а инаку тој зад себе има еден брак. Тој со сопругата Ана беше пет години во брак и со неа го доби синот Давид.

Елена Ристеска

Елена Ристеска беше во брак со Бојан Ивановски, но нивната приказна заврши во 2015-та година. Само една година по разводот Бојан објави дека се свршил со Лина Манчевска.

 Б. С. Б. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...

Најчитани неделава