Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати Македонци коишто зад себе имаат (барем) по еден брак

Кои познати Македонци зад себе имаат по еден, а кои по 4 неуспешни бракови? Кој од нив успеал повторно да ја најде среќата, а кој нема намера повторно да застане пред олтар?

poznati-makedonci-shto-zad-sebe-imaat-barem-po-eden-brak-01.jpg

Секој од нас е во потрага по вистинскиот сопатник со којшто ќе го помине животот. Додека некои успеваат уште на прва да ја најдат љубовта на својот живот, на други им се потребни повеќе обиди за да го најдат она што го бараат.

Разводите во денешно време речиси и да станаа секојдневие, не само во светот, туку и кај нас. Голем број од познатите Македонци стапиле во брак за потоа да сфатат дека направиле погрешен избор и дека е подобро со поранешните сопружници да останат пријатели, отколку во брак.

Васил Зафирчев

Актерот Васил Зафирчев беше во брак со поп-дивата Калиопи, но по неколку години заеднички живот, тие сфатија дека им е подобро да се разделат, но денес се добри пријатели и соработници.

Весна Петрушевска-Бејби

Весна Петрушевска-Бејби беше во брак со директорот на КБ Прво пензиско друштво и финансиски аналитичар, Јанко Тренковски.

Татјана Стојановска

Нашата ТВ презентерка Татјана Стојановска, неодамна стапи во брак со Михаил Китановски, а претходно беше во брак со фолк-пејачот Благоја Грујоски.

Биба Додева

Пејачката и претседател на здружението „Борка“, Биба Додева минатата година стапи во брак по третпат. Таа му го кажа судбоносното „да“ на саканиот Срѓан. Биба е мајка и баба, а претходно зад себе има два брака.

Александар Маленко

Кога станува збор за бројот на бракови, пливачот Александар Маленко е рекордер. Тој во октомври 2021-ва година се ожени по петти пат за словенечката инструкторка за пливање Метка Спаравец.

За потсетување, Маленко беше во брак со водителката Сузана Турунџиева, со која ја доби ќерката Лора и од која има внука, потоа стапи во брак со актерката Јелена Жугиќ со која го доби синот Ахил и со Русинката, Татјана Михалова Фјодорова со која исто така има син. Четвртиот брак му беше со охриѓанката Фанче, со која има два сина.

Лила Филиповска

ТВ водителката Лила Филиповска често знае да се шегува на сопствена сметка и на сметка на своите два брака. Од првиот со Орце Филиповски го доби синот Филип, а потоа беше и во брак со гитаристот на групата „Арија“ Орце Димитровски.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Дарко Влогс со солзи во очите: „Сакав да си го спасам вториот брак, па ја повредив ногата и не можев... „Првиот брак не ми успеа, но вториот сакав да си го спасам“ вели Дарко Влогс и о...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg