Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката на детето

„Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние регуларните ‘глуп, деген и слично’ туку онака баш грозен коментар кој не го смислува дете од 11 години, освен ако не му е кажано дома. И не бил само тој жртва на вербален булинг. На мојот обид да се објаснам, мајката на детето ме блокираше на Вибер“, вели Миа Костова и откри дека нејзиниот син бил жртва на врснички булинг. Ја поддржаа многу познати личности.

mia-kostova-gnevna-otkako-nejziniot-sin-bil-zhrtva-na-vrsnichki-buling-site-monstrumi-i-frustracii-doagjaat-od-doma-01.jpg

Инфленсерката Миа Костова преку објава на Фејсбук откри дека нејзиниот син Андрија бил жртва на вербален булинг од негов соученик. Таа вели дека Андрија добил грозен коментар од дете на негова возраст.

Иако не откри што му кажало детето на нејзиниот син, Миа вели дека пробала да се објасни со неговата мајка, но таа наместо да разговара, ја блокирала на Вибер.

Изреволтирана од постапката на мајката, но и од непримерното однесување на детето кон нејзиниот син и уште неколку деца во класот, Миа вели дека следниот пат кога ќе се повтори истото, таа нема да има обѕир кон никого, дури ни кон дете кое вербално ги злоставува другите деца.

Нејзината објава гласи:

„Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние регуларните ‘глуп, деген и слично’ туку онака баш грозен коментар кој не го смислува дете од 11 години, освен ако не му е кажано дома. И не бил само Андрија жртва на вербален булинг.

Помалку битно, на мојот обид да се објаснам, мајката на детето ме блокираше на Вибер.

Не можеш да очекуваш пристојно и нормално дете од родител кој нема елементарна култура. Децата сме ние. Сите монструми и фрустрации и кретенско однесување и невоспитување доаѓаат од дома. И само од дома.

Фала му на Бога што Андрија отсекогаш важел за културно и воспитано и нeпакосно дете. Тоа ми е доволно.

А моето трпение кога е Андрија во прашање е секогаш многу кусо. Па, ќе оставам тука да стои ова за потсетување дека следниот пат нема да имам обѕир дека се работи за детенце“, напиша Миа во својата објава на Фејсбук.

mia-kostova-gnevna-otkako-nejziniot-sin-bil-zhrtva-na-vrsnichki-buling-site-monstrumi-i-frustracii-doagjaat-od-doma-02_copy.jpg

Инфлуенсерката доби голема поддршка од своите пријатели и следбеници, кои велат дека децата булингот го учат од дома и го повторуваат она што им го кажуваат родителите.

Меѓу оние што ја поддржаа беше и поетесата Ана Бунтеска.     

„Деца не знаат за булинг, ама родителите ги подучуваат од дома. Фуј! И да, има зборови и фрази кои буквално ги повторуваат, а не дека сè и разбираат. Ќе научи, учат дури и најпитомите, оти е начин на преживување.

На ќерка ми Нина една соученичка ѝ зборуваше што кажувала мајка ѝ за мене (а не ја ни познавам). Отпрво детево се нервираше, дури еден ден не ѝ „скисна“ и крена глас (додуша многу покултурно од што би сторила јас). Ѝ рекла: ‘А да си најде мајка ти хоби или да посети психолог за да не е толку опседната со мајка ми?’

А Андрија ти е памук дете, лавовска работа си завршила со воспитувањето. Такви деца му требаат на овој проклет свет, да го оправат со љубов и емпатија“, вели Бунтеска.

Сличен коментар имаше и поранешната водителка Нора Шаќири Марковиќ.

„Ниту еден коментар фрлен врз мене во тие години во кои е Андрија, не беше од моите врсници, туку од нивните родители. Простив, но не заборавив, израснав во саглам човек благодарение на моите родители.

Подготвена сум и син ми Ијан да се соочува со истото, но знам во што ќе израсне, така што, драга, не му се секирај. Малите блокираат кога не знаат ни што, ни зошто, големите гледаат во очи“, ѝ напиша Нора.

mia-kostova-gnevna-otkako-nejziniot-sin-bil-zhrtva-na-vrsnichki-buling-site-monstrumi-i-frustracii-doagjaat-od-doma-03.jpg

„Јас веќе немам обѕир, им напишав и во групата дека на следната навреда ќе летаат партали. Ако моето дете е воспитано нема да дозволам некое невоспитано да си лечи комплекси.

На место ти е муабетот Миа, ама јас веќе нема да молчам“, стои во еден од коментарите.

Некои ѝ препорачаа да пријави булинг кај директорот или психологот во училиштето, а потоа да остави правникот и службите од училиштето да се справат со проблемот.

Имаше и такви кои побараа Миа отворено да каже што му рекло детето на Андрија, но таа вели дека не би можела да го повтори кажаното.

Денес Андрија во школо добил многу грозен коментар од дете од клас . Не од оние регуларните ‘глуп, деген и сл’ туку...

Posted by Миа Костова on Monday, September 11, 2023

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со искрени фотки во долна облека - на двете има по 69kg: „Бев дебела, тромава, со милион... „Врвот на тоа да се гадам од себе беше летово во Дерми и имам фотографии кои ушт...
„Внуко моја Гаиа“ - Драган Спасов Дац стана дедо, неговиот син Јаков со сопругата доби ќерка „Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека... Ќе ти ја сак...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg