Дизајнерот Златко Јовановски на одмор во Монте Карло: „Богатите ќе си влезат во јахтите, ние сиромашните ќе си купиме сладолед“

„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, вели дизајнерот Златко Јовановски, кој веќе неколку дена ужива во Монте Карло.

dizajnerot-zlatko-jovanovski-na-odmor-vo-monte-karlo-bogatite-kje-si-vlezat-vo-jahtite-nie-siromashnite-kje-si-kupime-sladoled-001.jpg

Модниот дизајнер Златко Јовановски е на летување во Монте Карло. Тој ужива во луксузот на еден од најмонденските градови во Европа – прошетка низ центарот на градот, на пристаништето во познатиот јахт-клуб De Monaco, во ноќни клубови и кабареа, и секако, посети и казино.

Златко не крие колку е воодушевен од Монако и Монте Карло, па деновиве на социјалните мрежи постојано споделува видеа и фотографии од времето поминато таму.

dizajnerot-zlatko-jovanovski-na-mondensko-letuvanje-vo-monte-karlo-bogatite-kje-si-vlezat-vo-jahtite-nie-siromashnite-kje-si-kupime-sladoled-07.jpg

Дизајнерот се пошегува на своја сметка, па додека шеташе покрај скапите јахти, објави видео со порака:

„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, напиша тој.

dizajnerot-zlatko-jovanovski-na-mondensko-letuvanje-vo-monte-karlo-bogatite-kje-si-vlezat-vo-jahtite-nie-siromashnite-kje-si-kupime-sladoled-14.jpg

Златко, кој на патувањето е најчесто облечен во своите креации, откри и дека во ноќен клуб го замениле со еден од изведувачите, бидејќи носел светкав костум.

„Ме прашаа: Дали настапуваш тука?“

Им кажав: Не, не, дојден сум на вечера.“

Златко беше и во казино, но не откри дали се обложувал, што играл и дали освоил нешто или ги загубил парите.

Повеќе фотографии од патувањето на Златко во Монако на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Иван Јованов во Банско - заљубен покрај сопругата, насмеан со ќерката Популарниот музичар Иван Јованов и неговата сопруга ја одведоа ќеркичката Ниа на...
Златко од Виница со протези на нозете изоде 2km за 30 минути на трка: „Не е важно колку бавно одиш, ... „Каков ден! Дождот денес не беше пречка - напротив, беше дел од предизвикот што ...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Бев на „Зимзоленд“ во Скопје - Што ми се допадна, а што не на нашиот новогодишен базар? Ако очекувате новогодишен базар во стилот на светските метрополи, најверојатно ќ...
Златко од Виница со силна порака 2 години по ампутација на нозете: „Животот ќе те удри кога не очеку... „Животот понекогаш знае да нè предизвика, да нè удри кога најмалку очекуваме.&nb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg