Дизајнерот Златко Јовановски на одмор во Монте Карло: „Богатите ќе си влезат во јахтите, ние сиромашните ќе си купиме сладолед“

„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, вели дизајнерот Златко Јовановски, кој веќе неколку дена ужива во Монте Карло.

dizajnerot-zlatko-jovanovski-na-odmor-vo-monte-karlo-bogatite-kje-si-vlezat-vo-jahtite-nie-siromashnite-kje-si-kupime-sladoled-001.jpg

Модниот дизајнер Златко Јовановски е на летување во Монте Карло. Тој ужива во луксузот на еден од најмонденските градови во Европа – прошетка низ центарот на градот, на пристаништето во познатиот јахт-клуб De Monaco, во ноќни клубови и кабареа, и секако, посети и казино.

Златко не крие колку е воодушевен од Монако и Монте Карло, па деновиве на социјалните мрежи постојано споделува видеа и фотографии од времето поминато таму.

dizajnerot-zlatko-jovanovski-na-mondensko-letuvanje-vo-monte-karlo-bogatite-kje-si-vlezat-vo-jahtite-nie-siromashnite-kje-si-kupime-sladoled-07.jpg

Дизајнерот се пошегува на своја сметка, па додека шеташе покрај скапите јахти, објави видео со порака:

„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, напиша тој.

dizajnerot-zlatko-jovanovski-na-mondensko-letuvanje-vo-monte-karlo-bogatite-kje-si-vlezat-vo-jahtite-nie-siromashnite-kje-si-kupime-sladoled-14.jpg

Златко, кој на патувањето е најчесто облечен во своите креации, откри и дека во ноќен клуб го замениле со еден од изведувачите, бидејќи носел светкав костум.

„Ме прашаа: Дали настапуваш тука?“

Им кажав: Не, не, дојден сум на вечера.“

Златко беше и во казино, но не откри дали се обложувал, што играл и дали освоил нешто или ги загубил парите.

Повеќе фотографии од патувањето на Златко во Монако на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
Златко Јовановски прослави 30 роденден со впечатлива фризура и палто со кристали - од сестра му доби... „Да не сме ние лавовите, овој свет би бил џунгла. Некој мора да биде храбар, плу...
Дизајнерот Златко Јовановски во џелаба на одморот во Тунис: „Сакам да сум облечен како локалците“ „Понекогаш сакам да бидам облечен како локалците“ - напиша Златко на Инстаграм и...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...

Најчитани неделава