Јелена Спенџарска за патувањето во Дубаи: „Потрошив 500 евра за една недела, возењето со такси е многу евтино“

„Во Дубаи можете да се храните по ресторани, но и да купите храна од супермаркет, како што направивме јас и сестра ми. Бевме во Carrefour, во кој има од пиле млеко - цела количка ја наполнивме, купивме подароци и плативме околу 100 евра за тоа. Има и локални ресторани каде што храната е по пристапни цени“, вели Јелена Спенџарска за патувањето во Дубаи.

jelena-spendjarska-za-patuvanjeto-vo-dubai-potroshiv-500-evra-vozenjeto-so-taksi-e-mnogu-evtino-igrav-stomachen-tanc-vo-pustinata-01.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска неодамна се врати од патување во Дубаи и не го крие своето воодушевување од една од најпосетените туристички дестинации во светот.

Додека е под импресии од патувањето, на кое беше со сестра си, Јелена преку Инстаграм Стори одговараше на прашања од своите следбеници поврзани со Дубаи.

„Која авантура беше ова патување, мислам дека не можам да ви доловам. Кога сте на вакви места, сакате да бидете максимално присутни во моментот, ем да сликате и да снимате, да се дружите со луѓето, но денес ќе се обидам да одговорам на вашите прашања“, напиша Спенџарска.

На прашањето колку треба да си финансиски спремен за патување за двајца во Дубаи, Јелена вели:

„За живеење не знам, но тука можете да поминете и со малку и со многу пари, зависи што сакате. Може да отидете во Dior и да купите нешто многу скапо, а може да влезете и во продавници кои ги има и кај нас, каде што цените се многу пристојни и слични како и овде.

Единствено Zara е малку поскапа отколку кај нас, но тука има само фустани, летни работи и ја нема целата колекција, на пример џемпери или зимски јакни. Инаку, поскапа бидејќи има фустанчиња од 200 евра нагоре, па и за 350 евра, а кај нас истите се многу поевтини.

Во големите молови има за сечиј џеб по нешто, иако за нас е поприфатлив Emirates Mall, кој е поевтин, а Dubai Mall е малку поскап.

јелена-спендзарска.jpg

Во однос на храната, може да се храните по ресторани, но можете да купувате храна и од супермаркет, како што направивме јас и сестра ми. Бевме во Carrefour, кој е огромен и има од пиле млеко, цела количка ја наполнивме, купивме подароци и плативме околу 100 евра за тоа.

Има и мали локални ресторани каде што имаат одлична храна за пристапни цени. Во Дубаи ги има сите кујни, па дури и специфични јадења кои ги нема кај нас.

Според некоја груба математика, јас платив околу 500 евра за оваа недела“, рече Јелена.

jelena-spendjarska-za-patuvanjeto-vo-dubai-potroshiv-500-evra-vozenjeto-so-taksi-e-mnogu-evtino-igrav-stomachen-tanc-vo-pustinata-03.jpg

Следбениците ја прашаа и што си купила од Дубаи, па таа на шега вели:

„Купив 150 кила урми за мене и за сите пријатели“.

Таа откри и дека си купила рачно изработено ланче во кампот додека била на пустинско сафари, на кое е симболот за бесконечност и иницијалите Ј и Л, од нејзиното име и името на нејзиниот партнер Лукас.

jelena-spendjarska-za-patuvanjeto-vo-dubai-potroshiv-500-evra-vozenjeto-so-taksi-e-mnogu-evtino-igrav-stomachen-tanc-vo-pustinata-22.jpg

Кое преубаво место ѝ оставило најсилен впечаток?

„Најразлично се чувствував кога бев во пустината, не додека бевме на сафарито, туку потоа, кога бевме во кампот каде што имаше вечера, а додека јадевме се одржуваше шоу со танчари.

Не се опишува со зборови. Вака звучи едноставно, но мора да се доживее.

А моментот кога танчарката ме викна до неа, е тоа беше врвот.

jelena-spendjarska-za-patuvanjeto-vo-dubai-potroshiv-500-evra-vozenjeto-so-taksi-e-mnogu-evtino-igrav-stomachen-tanc-vo-pustinatajelena-spendjarska-za-patuvanjeto-vo-dubai-potroshiv-500-evra-vozenjeto-so-tak.jpg

И плажата Kite, голема, мирна, со посебна убавина и енергија. Тука е најубавото зајдисонце, има неверојатен мир, нешто што не смеете да го пропуштите.

Ме потсети на Venice Beach во Калифорнија.

Фонтаната под Бурџ Халифа е чиста емоција. Едноставно не ти се верува што се случува околу тебе, те лазат морници од убавина. Нешто неверојатно, а сосема бесплатно“, вели таа.

Јелена раскажа и за тоа како ги доживеала локалците како народ, па вели дека се многу среќни, насмеани, задоволни од животот таму и дека тоа чувство го добила уште во моментот кога пристигнала на аеродромот.

„Сите те поздравуваат, дури и во маркети, сите да ти помогнат ако прашаш нешто. Тие луѓе имаат сè и немаат причина да бидат исфрустрирани и несреќни.

Не за џабе е еден од најбезбедните градови во светот. Тука навистина се чувствуваш безбедно. Таму нема криминал“, вели Јелена.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Јелена Спенџарска на одмор на островот Џерба во Тунис со сестра си - позира со камили на плажа, се ц... „Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кро...
Јелена Спенџарска ужива со саканиот Лукас покрај море во Солун (фото) Јелена Спенџарска никогаш посреќна, откако љубовта ја одведе во Грција.. Со сака...
Лила во секси црвен костим за капење од плажа во Дубаи го честита 1-ви Мај „Сè можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живо...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Јелена Спенџарска коментира вирален твит: „На Балканот има најубави жени, но најгрдо стареат, веќе н... „Можеби на Балканот има најубави жени, но најгрдо стареат. Веќе на 45+ сме баби....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg