Маја Гугоска е креативна охриѓанка која прави совршени новогодишни колачиња и декорации

Уникатни „направи сам“ украси

„Мојата прва изработка кај украсите беше елка од гранки врзани со коноп од најмала до најголема гранка. Многу едноставно, а ефектно.

Несекојдневна изработка која откако ја објавив на социјалните мрежи, правев уште три такви за мои блиски, вклучувајќи една и за во училницата во која учеше ќерка ми.

maja-gugovska-e-kreativna-ohrigjanka-koja-pravi-sovrsheni-novogodishni-kolachinja-i-dekoracii-03.jpg

Сите изработки, лампиони, божиќни венци, украси ги правам за себе и за подароци и не сум размислувала за продажба. Тешко се набавуваат материјали за сè што сум замислила, но за среќа последниве две години има повеќе избор овде кај нас во Охрид.

Пред две години почнав да цртам божиќни мотиви на стакло, на прозорци со фломастер. Така се роди една приказна за моите цртежи кои ги имаше на сите прозорци дома кај нас, во канцеларија, во ресторан, а на барање на мои пријатели и во нивните домови.

maja-gugovska-e-kreativna-ohrigjanka-koja-pravi-sovrsheni-novogodishni-kolachinja-i-dekoracii-04.jpg

Најгорда сум на мојот последен проект, ирваси изработени од трупчиња дрво и гранки, кои ми го разубавија влезот во нашиот дом.

Јас секогаш одбирам да направам нешто, и не сакам да го купам така готово целото, иако има мал милион украси кои постојат на пазарот. Мотото ми е биди креативен, направи сам!“

Погледнете ги фотографиите:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Маја Панчева (53) згодна во бикини, откако откри дека качила 10kg во менопаузата Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава