Здравко ја запроси Катерина пред новогодишната елка на плоштадот во Скопје (видео)

Музика на саксофон, елка и новогодишна атмосфера... Здравко Димовски клекна на едно колено и ја побара за сопруга својата сакана Катерина. Погледнете како изгледаше запросувањето на плоштад Македонија во Скопје.

zdravko-ja-zaprosi-katerina-pred-novogodishnata-elka-na-ploshtadot-vo-skopje-01.jpg

Во новогодишна атмосфера, пред новогодишната елка на плоштадот Македонија во Скопје, Здравко Димовски клекна на едно колено и ја побара за сопруга својата сакана Катерина.

zdravko-ja-zaprosi-katerina-pred-novogodishnata-elka-na-ploshtadot-vo-skopje-02.jpg

На своите профили на социјалните мрежи Здравко и Катерина објавија повеќе фотки од запросувањето и од прстенот.

Во изјава за CRNOBELO.com Катерина вели дека воопшто не очекувала дека нејзиниот дечко ќе ја запроси, па затоа не можела ниту да ги сокрие емоциите во моментот кога го видела како тој клекнал на едно колено.

„Но, пресреќна сум што му реков: ‘Да’!“ – вели кратко Катерина.

Таа откри дека Здравко ѝ дал букет со нејзините омилени рози, албум со нивни заеднички фотографии и една прекрасна порака.

zdravko-ja-zaprosi-katerina-pred-novogodishnata-elka-na-ploshtadot-vo-skopje-04.jpg

Инаку, моментот на запросувањето беше проследен со звуците на саксофонот на нашиот саксофонист Стефан, кој видеото од запросувањето го објави на својот Инстаграм профил.

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Новогодишна магија низ Центар – дел од улиците во Скопје украсени со ѕвездено небо, елки и светилки Ако се движите низ улицата Орце Николов ќе ве следат висечки украси со блескава ...
Новогодишна магија на Детската клиника во Скопје - Дедо Мраз дојде со хеликоптер, Спајдермен делеше ... „Дедо Мраз, заедно со омилените јунаци од детските филмови, донесе насмевки и но...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Бајковито запросување на македонската Барби на јахта во Дубаи (фото) „Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви. Бевме во врс...
Пејач од Велес ја запроси саканата Сара, тиктокерка што живее во Швајцарија, за време на одморот на ... „Нашата приказна започна сосема случајно на еден мој настап во Швајцарија, каде ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава