Браво! Барбара Поповиќ со импресивен настап во финалето на IDJ Show заврши на второто место (видео)

Нашата Барбара Поповиќ повторно издоминира на сцената на IDJ Show, но не успеа да победи во финалето на регионалното музичко натпреварување.

barbara-popovic-vtora-01.jpg

Македонската пејачка Барбара Поповиќ го зазеде второто место во регионално музичко шоу IDJ Show, во кое од самиот почеток важеше за еден од фаворитите.

Победник е Ѓана Смајо, која освои повеќе гласови на телевоутингот од нашата пејачка.

барбара-поповиќ-втора-03.jpg

Во финалето Барбара имаше импресивен настап, а ја изведе песната „Ватрена“, која за неа ја компонираше Дарко Димитров, еден од членовите на жирито во шоуто.

„Сето ова е благодарение на тебе“, напиша Барбара на една од фотките со Дарко, а ја сподели на Инстаграм Стори.

барбара-поповиќ-втора-02.jpg

Барбара доби многу пофалби и за пеењето и за настапот, а и голема поддршка од регионот, но сепак, немаше доволно гласови за победа.

И во изминатите изданија на натпреварувањето, таа беше одлична, а особено ја плени публиката кога ја испеа „Зајди зајди“, па го расплака и Дарко Димитров, но и Наташа Беквалац, исто така дел од жирито на шоуто.

Настапот на Барбара погледнете го од 2:04:38...

Прочитајте и Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Дарко Влогс среќен со сопругата на плажа во Северна Каролина - слика напис „Исус“, па гледа огномет,... Дарко Влогс, некогаш нашиот најзабавен камионџија, покрај Андруш, сподели ретки ...
Нашата инфлуенсерка Дани Ѓуровска: „Добив казна на пешачки зашто зборував на видео-повик, но не се п... „Реално, секогаш внимавам и го тргам телефонот кога поминувам улица, но не и ден...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Браво! Македонецот Бојан Илиевски победи во „Ѕвездите на Гранд“ - падна на колена и се расплака Македонија повторно покажа дека има неверојатни таленти за музика. Бојан Ил...

Најчитани неделава