Браво! Македонецот Бојан Илиевски победи во „Ѕвездите на Гранд“ - падна на колена и се расплака
- Детали
- недела, 21 јуни 2026
Македонија повторно покажа дека има неверојатни таленти за музика. Бојан Илиевски блесна и триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026. Кандидатот од тимот на Ѓорѓе Давид победи со огромен број гласови од публиката.
фото: GrandOnline
По деветмесечна борба, познат е победникот на деветнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, а тоа е младиот Македонец Бојан Илиевски.

Кандидатот од тимот на Ѓорѓе Давид победи со повеќе од 50 илјади освоени СМС-гласови од публиката, чија наклонетост ја стекна уште одамна.
Победник избран од стручното жири е Тамара Даниловиќ, најмладата учесничка оваа сезона, која ја освои плакетата „Александар Саша Поповиќ“, најголемата поддршка од публиката и најмногу СМС-гласови освои токму Бојан Илиевски.

Третопласиран во оваа сезона е кандидатот на Цеца, Саша Стојаковиќ, со околу 35 илјади освоени гласови, додека второто место го освои кандидатката Мирјана Митрева, исто така од тимот на Ѓорѓе Давид, со 46 илјади гласови.


С. С. | Црнобелo / фото: GrandOnline