Славчо Попоски, метеоролог: „Нова година ќе ја дочекаме со високи температури, снег дури по јануари“

„И оваа година новогодишната ноќ во Македонија ќе помине без снежна идила, што значи дека нема да има врнежи од снег, а и нема да биде толку многу студено. Сепак, не се исклучува можноста за време на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата 2024 година, да има локални слаби врнежи од дожд“, открива метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-nova-godina-kje-ja-dochekame-so-visoki-temperaturi-sneg-duri-po-januari-01.jpg

За жал, се чини дека и оваа Нова година ќе помине без снег на повеќето места низ Македонија.

Всушност, времето ќе биде многу потопло од вообичаеното за овој период од годината. Единствено на некои места Новата година може да започне со врнежи од дожд.

Метеорологот Славчо Попоски направи детална анализа за времето во последните денови од годинава, новогодишната ноќ, како и првите два месеца од новата 2024-та.

slavcho-poposki-meteorolog-nova-godina-kje-ja-dochekame-so-visoki-temperaturi-sneg-duri-po-januari-05.jpg

Во продолжение, анализата на Славчо:

До самиот крај на оваа 2023 година во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време, со сосема слаб ветер. По одделни котлини и речни долини, особено dолж Повардарието и понатаму ќе биде магливо, повремено маглата ќе биде и густа и таму ќе биде постудено. И Скопската котлина ќе биде под магла и под ниска облачност.

По котлините, особено оние долж Повардарието воздухот ќе биде многу загаден, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, но и на првиот ден од новата 2024 година, односно стабилно, суво и сончево, но магливо по котлините и со ниска облачност.

slavcho-poposki-meteorolog-nova-godina-kje-ja-dochekame-so-visoki-temperaturi-sneg-duri-po-januari-06.jpg

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а само понекаде за неколку степени под нулата, што значи нема да биде многу студено. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, што значи ќе бидат натпросечно високи.

Понекаде во најтоплите предели од државава тие можно е да се искачат дури и над 15 степени, што беше случај и изминатите денови.

Снегот ќе го чекаме во новата 2024 година.

И оваа година новогодишната ноќ во Македонија ќе помине без снежна идила, што значи дека нема да има врнежи од снег, а и нема да биде толку многу студено.

Сепак не се исклучува можноста за време на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата 2024 година да има локални слаби врнежи од дожд.

slavcho-poposki-meteorolog-nova-godina-kje-ja-dochekame-so-visoki-temperaturi-sneg-duri-po-januari-04.jpg

За време на најлудата ноќ температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени, а максималните дневни температури во новата 2024 година ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

НАПОМЕНА: По одделни котлини и речни долини и тогаш ќе биде магливо и постудено, со што и загаденоста во воздухот ќе биде многу висока.

Слично време очекуваме и во Скопје и околината.

slavcho-poposki-meteorolog-nova-godina-kje-ja-dochekame-so-visoki-temperaturi-sneg-duri-po-januari-03.jpg

Мора да напомниме поради тоа што се работи за подолгорочна анализа, промени во истата се можни понатаму. 

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, во јануари и во февруари во поголем дел од Балканскиот Полуостров, како и во Македонија, ќе има врнежи од снег кои ќе бидат натпросечно високи и невообичаени за нашиот дел од континентот.

Дури локално се очекуваат и екстремни количества на снег, а тоа може да се погледне и на следната метеоролошка карта:

slavcho-poposki-meteorolog-nova-godina-kje-ja-dochekame-so-visoki-temperaturi-sneg-duri-po-januari-02.jpg

Значително помалку снег ќе има само во Хрватска и во Словенија, а најпогодени би требало да бидат Босна и Херцеговина, Црна Гора, поголем дел од соседна Србија, Бугарија и нашата Македонија.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук; freepik.com

Би можело да ве интересира:

На 40 степени е најубаво да се разладиш на Матка - скопјани уживаат на пикник и капење во Треска (фо... Постојат три периоди во годината кога Матка е омиленото место на скопјани – за 1...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg