Игор Џамбазов ја вдоми кучката Ферхунде: „Ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“

„Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле“, напиша Џамбазов на Инстаграм.

igor-djambazov-ja-vdomi-kuchkata-ferhunde-kje-zhiveeme-srekjno-do-krajot-na-mojot-zhivot-01.jpg

Актерот и шоумен Игор Џамбазов има нов миленик, кучката Ферхунде за која се грижеше во Дојран и ѝ носеше јадење изминатиот период.

Тој на Инстаграм објави видео во кое се пофали дека ќе ја вдоми Ферхунде, откако таа ќе биде згрижена, исчистена од паразити и крлежи во ветеринарна амбуланта во Гевгелија, а потоа ќе ја врати кај себе во Дојран и таму ќе живеат среќно до крајот на неговиот живот.

igor-djambazov-ja-vdomi-kuchkata-ferhunde-kje-zhiveeme-srekjno-do-krajot-na-mojot-zhivot-02_copy.jpg

„Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое за жал се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле.

Утрово ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, кај тета Александра и чичо Коко. Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон.

А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“, напиша Игор.

igor-djambazov-ja-vdomi-kuchkata-ferhunde-kje-zhiveeme-srekjno-do-krajot-na-mojot-zhivot-01_copy_copy.jpg

Претходно, познатиот актер чуваше мачка, Емче, но во септември 2023 таа почина.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Игор Џамбазов позитивен пример за грижата за животните: Jа нахрани кучката Ферхунде

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица... „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утро...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава