Семос Едукација и МАСИТ ги здружија силите да им овозможат на македонските компании побрз пристап до знаење за вештачката интелигенција

Семос Едукација со поддршка на МАСИТ и М6 едукативниот центар, одржа настан каде ги претстави најновите обуки за вештачка интелигенција, потребни за раст и развој на успешен бизнис пред преку 120 најголеми компании во Македонија.

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-07.jpg

На настанот присуствуваа претставници на повеќе од 120 водечки компании од бизнис секторот, како и претставници од владата. На почетокот, Претседателот на Република Северна Македонија, Г-дин Стево Пендаровски им се обрати на присутните зборувајќи за состојбата во нашата држава во однос на глобалните предизвици со вештачката интелигенција.

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-04.jpg

„Македонските компании се соочуваат со големи предизвици - каде да се најдат квалификувани работници со дигитални вештини и како за кратко време да се преквалификува или доквалификува голем дел од македонскиот пазар на трудот. За да одговориме на овие предизвици, потребен ни е национален дијалог за вештачка интелигенција. Добро е што не почнуваме од нула. Го имаме еден од најдобрите центри за едукација во областа на дигиталните вештини и на вештачката интелигенција. Неодамна, „Семос Едукација“ беше прогласен за најдобар едукативен центар во светот. Како партнер на некои од водечките ИТ брендови, вие први воведовте обуки за вештачка интелигенција, не само на македонскиот и регионалниот, туку и на глобалниот пазар. Затоа, верувам дека освен волја, имаме и капацитет да одговориме на овој предизвик.” – изјави претседателот на Република Македонија, Г-дин Стево Пендаровски

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-02.jpg

Организаторите претставија двајца истакнати претставници од IT светот, Вилфред Парубек, сениор партнер од Микрософт и Патрик Керстен, претседател на најголемата светска асоцијација на тренинг центри, ЛЛПА, кои зборуваа за потребата од нови вештини кои ги бараат иновативните технологии.

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-03.jpg

„Од искуството на 57 земји членки на LLPА асоцијацијата, можам да заклучам дека трансформацијата кон вештачката интелигенција ја принудува секоја организација да ја прифати надградбата на вештините. Треба да ги преквалификувате луѓето и да создадете идни таленти за да обезбедите континуитет на бизнисот, што помага да останете пред конкуренцијата и да ги поттикнете иновациите и растот.” – изјави Патрик Керстен, претседател на LLPA (Leading Learning Partner Association.

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-05.jpg

Една од главните цели на овој настан беше да се презентираат можностите и начините како да се стекнат знаења во областа на вештачката интелигенција преку кои домашните компании можат да ја зголемат конкурентноста на светскиот пазар. Презентерите и гостите, не само што ги споделија своите искуства и знаења во областа на вештачката интелигенција, туку на панел дискусијата поттикнаа и широка дебата за напредок и иновации во оваа област.

„Семос Едукација е водечки тренинг центар и иницијатор на обуки за вештачка интелигенција во Македонија чија цел е едукација и трансформација на работната сила и бизнисите. Веруваме дека обучената работна сила е клучот за економска револуција, па нашата цел е преку официјалните обуки за вештачка интелигенција да споделиме знаење од глобално, регионално, до локално ниво, охрабрувајќи ги компаниите и вработените да применат иновативни трендови и алатки за раст на домашната економија.” – изјави Валентина Тасева, директорка на Семос Едукација

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-06.jpg

Настанот беше можност присутните да стекнат и да ги унапредат своите знаењата за можностите за етичка употреба на вештачката интелигенција и нејзината примена во секојдневната работа, преку низа предавања и студии на случаи кои беа презентирани.

Семос Едукација e водечки тренинг центар за иновации во полето на ИКТ образованието и своите услуги ги нуди на компании, влади и поединци. Во изминатите три децении, е на чело на дигиталната трансформација со внимателно развиени сертифицирани програми од компании како: Microsoft, AWS, Cisco, Oracle, и многу други. Со преку 200 сертифицирани тренери, Семос Едукација е агилен партнер за секој што сака да стекне ново знаење во најважните технологии на денешницата.

semos-edukacija-i-masit-gi-zdruzhija-silite-da-im-ovozmozhat-na-makedonskite-kompanii-pobrz-pristap-do-znaenje-za-veshtachkata-inteligencija-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
„На 25 дена пред операција се гушам“ - Македонските познати личности полни со револт од загадениот в... „Не отворив ниту врата, ниту прозорец цел ден затоа што на скоро 25 дена пред за...
„Отидов на слава, столчињата и масите распар, позајмени од комшии, деца викаат, ние пееме – вечер шт... „Пред неколку години бев поканет на домашна слава, потенцирам ДОМА ВО КУЌА со ак...
Едина Муса со синот во Берово, Катарина Ивановска со активистката Грета Тунберг: Што прават македонс... Мартинијан Кириловски со девојката позира на зајдисонце на Тасос, Дритон Вејсели...
Иван Јованов на одмор со ќеркичката, Лара Иванова згодна на плажа - Што прават македонските ѕвезди д... Антониа Гиговска сподели нови, жешки фотки од снимањето на спотот за последната ...
Пред и потоа: Колку се промени модниот стил на македонските пејачки во изминатите 10 години? (фото) Некои конечно си го пронајдоа стилот, други вистинскиот стилист, некои го промен...

Најчитани неделава