„Отидов на слава, столчињата и масите распар, позајмени од комшии, деца викаат, ние пееме – вечер што нема да ја заборавам“

„Пред неколку години бев поканет на домашна слава, потенцирам ДОМА ВО КУЌА со акцент те молам земи ја и гитарата. Гледам две три четири маси споени, која повисока која поширока нормално позајмени од комшии. Тањири прибор чаши кармакаша исто позајмени од комшии, маса полна од пиле млеко очи пијат. Од далеку се слуша некое тенко музиче, испомешано со жагор од внуците, кое паднало, кое плаче од мајка му што го влече за уво, кое си игра“.

otidov-na-slava-stolchinjata-i-masite-raspar-pozajmeni-od-komshii-deca-vikaat-nie-peeme-vecher-shto-nema-da-ja-zaboravam-01.jpg

Почна сезоната на славите, еден од омилените периоди на сите оние кои ја почитуваат традицијата и уживаат во заедничките домашни дружби, со домашно зготвена храна. 

Но, реалноста е дека времињата се променија и многу работи веќе ретко каде се исти како порано. 

На Фејсбук вирално се шири објава од Јохан Елзесер која идеално го претставува ова заемно чувство. 

otidov-na-slava-stolchinjata-i-masite-raspar-pozajmeni-od-komshii-deca-vikaat-nie-peeme-vecher-shto-nema-da-ja-zaboravam-02.jpg

Текст кој буди носталгија, но малку и освестува: 

„Пред неколку години бев поканет на домашна слава, потенцирам ДОМА ВО КУЌА со акцент те молам земи ја и гитарата.

Доаѓам десет десет и пол.

Гледам две три четири маси споени, која повисока која поширока нормално позајмени од комшии, покриени со неколку споени бели чаршави, триесетина столчиња сите по шест различни, нормално позајмени од комшии.

Тањири прибор чаши кармакаша исто позајмени од комшии, маса полна од пиле млеко очи пијат, на маса ставени шишиња ракија вино кисела вода пиво фанта кокакола, на чело седат мајката и таткото не мрдаат, снаите летаат послужуваат, синовите ме седнуваат со онака седи овде, седнав, одма тањир прибор салфетка, шо ќе пиеш имаме супер домашна, давај домашна.

Од далеку се слуша некое тенко музиче, испомешано со жагор од внуците, кое паднало, кое плаче од мајка му што го влече за уво, кое си игра.

Првите гости што дошле, откога ќе видат дека доаѓаат нови гости, уредно си стануваат се поздравуваат со мајката и таткото а после со синовите снаите и погалувајќи некое внуче си заминуваат.

И така во тој жагор од насмеани и весели лица после две три ракии, еден од синовите ми вика брат ќе ја земеш гитарата, викам одма.

Земав гитарата, почнавме со македонски песни и завршивме со македонски песни.

Пеевме понекогаш двајца понекогаш петорица а понекогаш сите со онака здружено ајде живели и нека е вечна славата. Не памтам кога си дојдов дома.

Таа вечер никогаш нема да ја заборавам“. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава