Горди сме: Македон повторно се закити со златен медал на натпреварот „Математика без граници“

Учествува на семинари за македонски јазик и литература, игра шах и повторно успеа да освои златен медал по математика. Малиот Македон Димитровски од Тетово повторно е доказ дека талентот не познава граници.

gordi-sme-makedon-povtorno-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-natprevarot-matematika-bez-granici-01.jpg

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски, повторно освои златен медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на месецов.

Во зимскиот дел до натпреварувањето учествуваа 28 земји, меѓу кои и Македонија, а резултатите од престижното натпреварување беа објавени денес на официјалниот веб-сајт на турнирот.

gordi-sme-makedon-povtorno-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-natprevarot-matematika-bez-granici-02_copy.jpg

Како што може да се види, малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение и со тоа да нѐ направи горди, затоа што навистина поседуваме вистински таленти.

gordi-sme-makedon-povtorno-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-natprevarot-matematika-bez-granici-03.jpg

Инаку, Македон е прв основец што ја добил наградата за млад талент, а за време на зимскиот распуст тој имаше средба со странските македонисти во рамки на четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

gordi-sme-makedon-povtorno-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-natprevarot-matematika-bez-granici-05.jpg

За време на семинарот, Македон ги воодушеви сите со познавањето на дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, но и со тоа што наизуст ја знае старословенската азбука.

Исто така, тој беше дел и од симултано натпреварување во шах, каде успеа да заврши со нерешен резултат.

gordi-sme-makedon-povtorno-se-zakiti-so-zlaten-medal-na-natprevarot-matematika-bez-granici-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Генијалецот Македон повторно нè направи горди – освои медали и пехар на турнири по математика во Буг... Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по матема...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...

Најчитани неделава