Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бракови кои траат со децении - Како изгледаат сопругите на актерите од Македонски народни приказни?

Некои од нив дочекале и златна свадба. Како изгледаат сопругите на актерите од Македонски народни приказни?

brakovi-koi-traat-so-decenii-kako-izgledaat-soprugite-na-akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-01.jpg

Со нивните ликови пораснаа многу генерации. Македонските народни приказни е една од најгледаните серии кај нас.

Aко некогаш треба да се издвои најдобар проект снимен од македонска продукција, тоа се дефинитивно Македонските народни приказни.

Од нив научивме дека добриот збор железни порти отвора, дека доброто со добро е враќа, од нив ги научивме и семејните и моралните вредности.

Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровси, Лазар Бараков и Кирил Андоновски се само дел од првата постава која ја снимаше оваа серија.

Имавме можност да ги видиме во улога на цареви, богати чорбаџии, во улога на Бог, сиромашни селани, ангели и ѓаволи.

Приватно, секој од нив бил семеен човек, грижлив татко и посветен сопруг, но за жал некои од нив повеќе не се меѓу живите.

Како изгледаат нивните сопруги?

Ѓорѓи Колозов и Шенка Колозова

Нивната љубовна приказна започнала уште додека биле млади, а траела сѐ до смртта на Ѓорѓи.

Заедно беа дел од Македонските народни приказни, но и од многу други театарски претстави.

Плод на нивната љубов се ќерките Катерина и Кристина.

brakovi-koi-traat-so-decenii-kako-izgledaat-soprugite-na-akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-02.jpgфото: Фејсбук

Ванчо и Лидија Петрушевска

За приватниот живот на легендарниот актер Ванчо Петрушевски многу малку се знае.

Неговиот колега Гоце Тодоровски многупати има кажано дека Ванчо бил многу популарен меѓу девојките.

Клучот на неговото срце до крајот на неговиот живот го имаше неговата сакана Лидија.

brakovi-koi-traat-so-decenii-kako-izgledaat-soprugite-na-akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-03.jpgфото: Фејсбук

Гоце и Тања Тодоровски

Гоце и Тања се 5 децении во брак.

Тие имаат две деца, ќерката Сашенка и синот Гоце, крстен по својот татко Гоце Тодоровски.

Нивната ќерка Сашенка е активна на социјалните мрежи, каде честопати споделува семејни фотографии.

brakovi-koi-traat-so-decenii-kako-izgledaat-soprugite-na-akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-04.jpgфото: Фејсбук

Лазар и Лилјана Баракови

Во седмата деценија од животот, Лазар и понатаму е посветен на семејството: сопругата Лилјана и нивните три деца Македонка, Викторија и Александар.

brakovi-koi-traat-so-decenii-kako-izgledaat-soprugite-na-akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-07.jpgфото: Фејсбук

Кирил и Верче Андоновски

За сопругата Верче, актерот вели дека понекогаш ја нарекува и „мамо“, бидејќи се грижи за него и го толерира толку години.

„Љубовта и после толку години е иста како на почетокот. Љубовта е само почетна, а натаму се толеранцијата и разбирањето“, изјави Кирил во емисијата „Магазин“.

brakovi-koi-traat-so-decenii-kako-izgledaat-soprugite-na-akterite-od-makedonskite-narodni-prikazni-06.jpgфото: Фејсбук

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Панчев, Маја Вукичевиќ: Македонски познати личности кои се во 50-тите години од животот Од Билјана Дебарлиева до Никола Ристановски... Кои наши познати личности се во 5...
Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи дете... „Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откак...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg