Игор Џамбазов емотивен на роденденот на дедо му Петре Прличко: „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме заштитува“

„Денес ќе наполнеше 117 години. И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот“ – напиша Игор Џамбазов до неговата заедничка фотка со дедо му Петре Прличко, а по повод неговиот роденден.

igor-djambazov-emotiven-na-rodendenot-na-dedo-mu-petre-prlichko-negovata-srekjna-dzvezda-se-ushte-me-zashtituva-01.jpg

Нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов, по повод роденденот на неговиот дедо Петре Прличко, великанот на македонската театарска и филмска сцена објави нивна заедничка фотографија од детството со која ја потсети целата македонска јавност на него.

igor-djambazov-emotiven-na-rodendenot-na-dedo-mu-petre-prlichko-negovata-srekjna-dzvezda-se-ushte-me-zashtituva-02.jpg

До фотката на која е во прегратките на таткото на неговата мајка, Анче Џамбазова, Игор напиша:

„Денес ќе наполнеше 117 години.

И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот. Малку повеќе го сакаше филмот.

А најмногу театарот. Јас му бев на солидното шесто место. Но, научив од него работи кои ги нема во книгите, скриптите и енциклопедиите.

Научив како се сака оваа наша професија.

Мојот славен дедо 5-ре.

Неговата среќна ѕвезда сè уште ме заштитува. Исто како и на оваа црно-бела фотка од ’Волшебниото самарче’ …“

За потсетување, Петре Прличко беше истакнат македонски актер во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.

igor-djambazov-emotiven-na-rodendenot-na-dedo-mu-petre-prlichko-negovata-srekjna-dzvezda-se-ushte-me-zashtituva-03.jpg

Велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов“ и општина Велес од 2006-та година доделуваат награда за животно дело во чест на славниот актер, насловена „Петре Прличко“.

petre-prlicko-milena-dravic-715x400.jpg

Наградата се состои од плакета на ликот на Прличко и паричен износ, и се доделува за животно дело, а годинава наградата му припадна на македонскиот актер Тони Михајловски.

„Голема чест ми е да сум носител на награда со такво големо име. Благодарам на Велес и на колегите кои одлучија јас да се вбројам меѓу лауреатите. Се надевам уште долго ќе ја носам“ - напиша Тони на Фејсбук.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...

Најчитани неделава