„100 никогаш не изгледале подобро“ – Шминкерката Фрози Фран во смели модни комбинации

Во хеланки со исцртана танга за семејна тура со велосипеди низ Скопје, во кроп-топ со впечатлив натпис за вечерно излегување или целосно црни комбинации за прошетки – шминкерката Фрози Фран зрачи самодоверба каде и да се појави и гордо си ги носи облините, без да се предаде на здодевните плус-сајз облеки.

100-nikogash-ne-izgledale-podobro-shminkerkata-frozi-fran-vo-smeli-modni-kombinacii-01.jpg

Шминкерката Фросина Ангеловска, позната како Фрози Фран, е доказ дека облините не се причина да се облекувате според стереотипите за плус-сајз дамите.

Таа го има прифатено своето тело и гордо си ги носи облините, а како вљубеничка во модата и шминката, каде и да се појави, секогаш е средена од глава до пети.

На својот Инстаграм профил, шминкерката често споделува свои секојдневни модни аутфити и ги инспирира своите 14.000 следбеници, докажувајќи дека и дамите со облини може да носат секаква облека, иако многумина се противат на тоа.

Викендов таа уживаше во велосипедска тура низ Скопје со сопругот и децата, облечена во храбар стајлинг, со хеланки со исцртана танга на нив, за истакнување на облините.

100-nikogash-ne-izgledale-podobro-shminkerkata-frozi-fran-vo-smeli-modni-kombinacii-03.jpg

Претходно таа објави фотки од вечерно излегување, облечена во широки панталони и проѕирен кроп-топ на кој е испишано: „Гледај ме во лице“.

„100 никогаш не изгледале подобро“ – напиша таа до фотографија облечена во тесни црни панталони и ролка со разголен стомак.

Прочитајте и „Треба да ослабеш, ти препорачувам операција на желудник“ – Македонската шминкерка Фрози Фран одговори на бизарниот совет од клиентка

Фустани со шлиц, бели фармерки, тесни фустани – погледнете уште неколку смели комбинации од Фросина:

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава