„Тиква зелена, мрш“: Кенијката Емакулате ги учи родителите да зборуваат македонски (видео)

„Те обожавам и тебе и твоите родители“, „Јазикот звучи и убаво и смешно“, „Треба да ги донесеш родителите овде“, се дел од коментарите што ги доби Емакулате на видеото во кое ги учи родителите да зборуваат македонски.

tikva-zelena-mrsh-kenijkata-emakulate-gi-uchi-roditelite-da-zboruvaat-makedonski-video-01.jpg

Кенијката Емакулате Вандера Блажеска, која во октомври 2023 доби македонско државјанство и пасош, неодамна го посети своето семејство во родната земја.

Додека беше во Кенија со својата ќерка Дариа, таа постојано објавуваше фотки и видеа од времето поминато со фамилијата, а со следбениците споделуваше и интересни детали за животот таму.

Емакулате сега објави и видео кое стана вистински хит на Инстаграм: „Што научија моите родители на македонски?“.

tikva-zelena-mrsh-kenijkata-emakulate-gi-uchi-roditelite-da-zboruvaat-makedonski-video-02.jpg

Во видеото таа ги прашува мајка си и татко си дали се сеќаваат на некои македонски зборови или фрази што таа им ги кажала, а им вели и да повторуваат по неа.

За сето тоа време тројцата не престануваат да се смеат и одлично да се забавуваат.

„Браво. Ајде. Тиква зелена. Добро. Како си? Мрш!“ се дел од зборовите кои тие ги научиле.

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Видеото на Емакулате, која има преку 44.000 следбеници на Инстаграм, ги воодушеви и Кенијците и Македонците.

„Те обожавам и тебе и твоите родители“, „Јазикот звучи и убаво и смешно“, „Треба да ги донесеш родителите овде“, се дел од коментарите.

tikva-zelena-mrsh-kenijkata-emakulate-gi-uchi-roditelite-da-zboruvaat-makedonski-video-03.jpg

Таа претходно сподели и видео на кое нејзиниот татко вели: „Ако ќерка ми е Македонка, тогаш и јас сум Македонец во срцето“.

Погледнете го видеото:

Емакулате од 2018 живее во Македонија со сопругот Михајло. Таа пред неколку месеци доби македонско државјанство и пасош и тоа го прослави со сопругот, неговите родители и неколку пријатели.

Прочитајте и: Кенијката Емакулате, мажена во Скопје, со носија и шампањ славеше за македонскиот пасош: „И официјално сум македонско девојче“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава