Славчо Попоски, метеоролог: „За празниците повторно нестабилно време со локални врнежи од дожд и засилен ветер“

„Во Скопје и околината веќе од среда очекуваме локална нестабилност, проследена со пороен дожд“, вели метеорологот Славчо Попоски за претстојниот период со продолжен викенд заради празниците.

slavcho-poposki-meteorolog-od-sreda-povtorno-nestabilno-vreme-so-lokalni-vrnezhi-od-dozhd-i-zasilen-veter-01.jpg

По студениот бран и врнежите од снег на повисоките места, имаме можност да уживаме во сончевото време.

Но, од среда ќе се создадат услови за повторна дестабилизација на времето, односно можни се локални врнежи, грмотевици и засилен ветер.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Уживајте во убавото пролетно топло време сè до вторник. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Веќе од среда, поради влијание на циклон од запад, ни следува подолг период на нестабилно време, па така особено од пладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

slavcho-poposki-meteorolog-od-sreda-povtorno-nestabilno-vreme-so-lokalni-vrnezhi-od-dozhd-i-zasilen-veter-02.jpg

Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално се можни и поинтензивни атмосферски процеси, во вид на невреме проследено со силен ветер и со појава на град.

И во Скопје и околината веќе од среда и во деновите потоа очекуваме локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

slavcho-poposki-meteorolog-od-sreda-povtorno-nestabilno-vreme-so-lokalni-vrnezhi-od-dozhd-i-zasilen-veter-03.jpg

Уште од сега Европскиот центар за среднорочна прогноза (ECMWF) кој ни е најажурен, во првата декада од месец мај прогнозира ново големо заладување на времето.

Што значи дека нестабилното време и со чести врнежи би го имале и за велигденските празници“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Попладнево во Македонија пороен дожд, грмежи и засилен ветер Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нес...
На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава ... Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава