Ја претставуваше нашата земја на Јуниор Евровизија, дипломира на музичкиот колеџ Беркли - како изгледа денес Ања Ветерова?

По големите успеси на музичко поле како дете, Ања Ветерова во 2010 година ја претставуваше Македонија на Јуниор Евросинг во Белорусија, а ја пееше песната од Дарко Димитров и Елена Ристеска „Еооо, еооо“.

ja-pretstavuvashe-nashata-zemja-na-junior-evrovizija-diplomira-na-muzichkiot-koledj-berkli-kako-izgleda-denes-anja-veterova-01.jpg

На музичката сцена се појави како мало слатко девојче во 2004 на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“.

На истиот фестивал до 2007 година таа ги испеа детските песни „Штрк“, „Во ритам“, „Луда забава“ и „За сцена родена сум јас“, песна со која ја освои првата награда на World of Talents 2007 во Одеса, Украина.

Ања пееше и на првото издание на детскиот фестивал „Чаролија“ во Србија, а во 2008 година настапи на најпрестижниот и најстар детски фестивал во светот, „Златна паричка“ во Болоња.

Учествуваше и на детскиот „Славјански Базар“ во Белорусија, а триумфираше и на јуниорскиот Сан Ремо. 

Иако сними неколку песни, публиката најмногу го памети нејзиниот дует со битолскиот бенд „Паркети“ и песната „Јас те сакам тебе“.

По матурирањето, Ања замина да студира на еден од најспрестижните музички колеџи во светот, Беркли, во САД, каде што дипломираше во 2022 година.

Таа во една пригода откри дека името го добила по руската принцеза Анастасија, која нагалено ја викале Ања.

Во продолжение погледнете како денес изгледа Ања Ветерова:

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg