Емоции до солзи: Татковци танцуваат со ќерките-принцези во скопска градинка (видео)

Мали, слатки девојчиња облечени како принцези, танцуваат со нивните татковци на песната „Ти си принцеза“ во скопска приватна градинка – најемотивното видео што ќе го видите денес.

emocii-do-solzi-tatkovci-tancuvaat-so-kjerkite-princezi-vo-skopska-gradinka-video-01.jpg

На сите ни е добро познато дека ќерките се татини принцези, а токму оваа симболика е прикажана во скопска приватна градинка, на приредба за испраќање на првачиња во училиште.

На Фејсбук профилот на градинката е објавено видео кое не остава никого рамнодушен и ќе ве преплави со тон емоции.

Додека во позадина свири песната „Принцеза“ од Дадо Топиќ и Слаѓана Милошевиќ, осум слатки девојчиња, облечени во розови фустанчиња со тул, танцуваат.

Во еден момент, на сцената им се придружуваат нивните татковци, облечени во бели кошули, кои клекнуваат пред ќерките на едно колено, ги вртат околу нив, а потоа ги прегрнуваат и продолжуваат со изведбата.

Прекрасна идеја, која треба да биде пример дека и татковците треба да бидат вклучени во секојдневните активности на децата, бидејќи како што пишуваат од градинката, тие се нивните кралеви. 

Погледнете го видеото:

/?rdid=lARpajjjMdQkAMed

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...
Скопска љубовна приказна: Омер ја запроси саканата Ирма (22) во ресторанот на Адријан Гаџа, таа се р... „Тремата беше преголема, бев изгубен, искрено. И ме примети Ирма и така знаеше д...
Едина Муса и Мачка елегантни на свадба, Ѓоко Танески со ретка фотка од ќерката - Што прават познатит... Пејачот Ѓоко Танески објави фотографии со ќерката за да ѝ го честита 18-тиот род...
Ирина и Павле Камилоски на одмор со децата, Марио од 2Бона доби изненадување од сопругата: Што права... Бока Конга се релаксира покрај базен во својот раскошен дом во Скопје, Каролина ...
Се сврши бодибилдерката Мери Акиевска, Драгана Левенска со повреда на вратот: Што прават нашите ѕвез... Стефан од Некст Тајм со сопругата во Охрид, Јелена Спенџарска ужива на одмор во ...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава