Скопска љубовна приказна: Омер ја запроси саканата Ирма (22) во ресторанот на Адријан Гаџа, таа се расплака од среќа

„Тремата беше преголема, бев изгубен, искрено. И ме примети Ирма и така знаеше дека ќе се случи нешто. Кога клекнав, се расплака од среќа и кажа ‘ДА’ и сè беше преубаво - самата вечер, луѓето околу нас, местото“, вели Омер (24), кој ја запроси саканата во ресторанот на Адријан Гаџа.

FotoJet_1.jpg

Омер Зеќировиќ (24) од Скопје, по 11 месеци врска, ја запроси својата девојка, скопјанката Ирма Хасиќ (22) во еден од нивните омилени локали во градот, ресторанот Cha-Cha на Адријан Гаџа.

Омер со многу трема клекна на колено пред својата сакана, Ирма, а таа се расплака од среќа кога го виде прстенот.

skopska-ljubovna-prikazna-omer-ja-zaprosi-sakanata-irma-22-vo-restoranot-na-adrijan-gadja-taa-se-rasplaka-od-srekja-02.jpg

За моментот кој ги разнежни и гостите во ресторанот, Омер раскажа за CRNOBELO.com:

„Во врска сме од јануари 2025-та и со Ирма имаме зборувано на темата за брак, но таа не знаеше дека ќе ја запросам, но мислам дека чувствуваше.

Прстенот го избрав со сестра ми, но е избран по мој вкус.

skopska-ljubovna-prikazna-omer-ja-zaprosi-sakanata-irma-22-vo-restoranot-na-adrijan-gadja-taa-se-rasplaka-od-srekja-02_1_copy.jpg

Cha-Cha е наше место, таму највеќе го поминуваме времето, за нас тој ресторан во Скопје е најтопол, има најубава атмосфера, има предобра услуга.

skopska-ljubovna-prikazna-omer-ja-zaprosi-sakanata-irma-22-vo-restoranot-na-adrijan-gadja-taa-se-rasplaka-od-srekja-04.jpg

Тремата беше преголема, бев изгубен искрено. И ме примети сопругата и така знаеше дека ќе се случи нешто.

Нејзината реакција беше преубава. Кога клекнав, таа се расплака од среќа и кажа ‘ДА’ и сè беше преубаво - самата вечер, луѓето околу нас, местото.

Не очекувавме дека ќе направиме бум во Скопје, но и горди сме зашто така излезе, да внесеме малце позитива во овој наш негативен град“.

skopska-ljubovna-prikazna-omer-ja-zaprosi-sakanata-irma-22-vo-restoranot-na-adrijan-gadja-taa-se-rasplaka-od-srekja-03.jpg

Фотографиите и видео од запросувањето објавија и од ресторанот на Адријан, со порака: „Едноставна вечера се претвори во незаборавен спомен“.

Кликнете на објавата и погледнете го видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава