Иван Јованов и саканата направија крштевка за ќерката во Бигорски – малата Ниа во раце кај тато

Родителите Иван и Ивана се во модно усогласени комбинации во сиви одела за крштевката на нивната ќеркичка Ниа, која има само 2 месеца.

ivan-jovanov-i-soprugata-napravija-krshtevka-za-kjerkata-vo-bigorski-malata-nia-vo-race-kaj-tato-01.jpg

Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд на 26 март 2024 стана татко, откако неговата сакана на свет донесе девојче.

Тие ѝ дадоа уникатно име на ќеркичката, Ниа, а за CRNOBELO.com Иван откри дека присуствувал во породилната сала.

Прочитајте повеќе: Иван Јованов за CRNOBELO.com: „Присуствував на раѓањето на ќерката, Ивана беше многу храбра“

ivan-jovanov-za-crnobelo-com-prisustuvav-na-ragjanjeto-na-kjerkata-ivana-beshe-mnogu-hrabra-04.jpg

2 месеца подоцна, среќните родители направија крштевка за нивната малечка ќерка, во Бигорски манастир.

За убавиот настан, родителите одбрале модно усогласени комбинации – двајцата се облечени во сиви одела.

Малата Ниа пак, која досега немавме прилика да ја видиме на фотките, за крштевањето е облечена во слатко розово фустанче со розови чорапчиња.

На Инстаграм, Иван и Ивана објавија заедничка семејна фотка пред манастирот со ќеркичката и испратија порака дека семејството им е на прво место. 

ivan-jovanov-i-soprugata-napravija-krshtevka-za-kjerkata-vo-bigorski-malata-nia-vo-race-kaj-tato-02_copy.jpgфото: Инстаграм

На Стори, Иван сподели и неколку фотки кои нивните најблиски ги објавиле на своите профили. 

ivan-jovanov-i-soprugata-napravija-krshtevka-za-kjerkata-vo-bigorski-malata-nia-vo-race-kaj-tato-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Иван Јованов: „Оперирав грло во февруари и паднав психички - полека се враќам во посакуваната вокалн... „Не е лесно, целосно ми е изгубена вокалната кондиција, зашто јас си вежбав цел ...
Иван Јованов ќе бил Кристина, Сузана Гавазова - Мери: Како требало да се викаат познатите Македонци? „За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Ка...
Иван Босиљчиќ и Димитар Андоновски ја пеат „Ако одам во Битола“ на концерт: „Не знаев дека ќе ме вик... „За мојата Јелена да не се лути на мене што јас ја пеам нејзината омилена песна,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава