Ирена Спировска слави 50-ти роденден на море - изгледа одлично во бикини

„Кога си роден во јуни, неизбежно е да го сакаш летото, кога си Рак во хороскоп, неизбежно е да го сакаш морето. 18.238-мо утро во мојот живот и 50-ти роденден“, напиша водителката Ирена Спировска на Инстаграм.

irena-spirovska-slavi-50-ti-rodenden-izgleda-odlichno-vo-bikini-01.jpg

Водителката Ирена Спировска наполни 50 години. Роденденот го дочека во Сутоморе, во Црна Гора, а прославата ја почна на плажа, во бикини.

„Добредојдовте 50-ти“, напиша Ирена на Инстаграм, а на Инстаграм Стори додаде:

„Кога си роден во јуни, неизбежно е да го сакаш летото, кога си Рак во хороскоп, неизбежно е да го сакаш морето. 18.238-мо утро во мојот живот и 50-ти роденден“.

За роденденската објава, Ирена избра фотки во сини бикини на плажа и го покажа згодното тело, па доби коментари дека не старее.

Комплименти за Ирена не штедеа ни нејзините колешки, водителите Елена Најдоски и Елена Стојановска.

„Среќен роденден убавице. Ти посакувам најубави желби. И најважното, како девојче си“, напиша Најдоски.

irena-spirovska-slavi-50-ti-rodenden-izgleda-odlichno-vo-bikini-02.jpg

Слична порака на фотките ѝ остави и Елена Стојановска.

„Убавице среќен роденден, биди здрава, секогаш вака згодна и многу среќна“, напиша таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...

Најчитани неделава