Христина Пан доби емотивна порака која влева надеж: „Ја имав истата дијагноза како ќерка ти, денес сум мајка на 3 деца“

„Во тебе ја видов силата на мајка ми, која во ист период како вас, на моја 9-месечна возраст се соочувала со истата дијагноза кај мене. 30 години подоцна јас сум мајка на три дечиња, иако надежта од докторите била 6 месеци живот“, стои во пораката која ја доби нашата инфлуенсерка Христина Пан, а која се бори со малигно заболување на ќерката Тара (2).

hristina-pan-dobi-emotivna-poraka-koja-vleva-nadezh-ja-imav-istata-dijagnoza-kako-kjerka-ti-denes-sum-majka-na-2-deca-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Христина Младенов, позната како Христина Пан, и нејзиниот сопруг повеќе од една година поминуваат низ тежок период, откако на ќеркичката Тара ѝ беше дијагностицирана неуробластома, пред нејзиниот прв роденден.

По долгиот период на лекување во Скопје, Љубљана и Турција, во кој беа вклучени хемотерапии и физичка изолација, оваа мајка-херој на Инстаграм Стори сподели емотивна порака која ја добила од жена, а која и самата имала неуробластома како бебе, и на која лекарите ѝ предвиделе само 6 месеци живот.

Христина вели дека пораката ја трогнала и дека по долго време се изнаплакала, но и дека зборовите од жената ѝ даваат огромна надеж дека Тара ќе биде добро.

„Кога дознав дека Тара е болна од малигна болест (неуробластома) и тоа во четврт стадиум, мислев дека само моето бебе е болно. Кога влегов во болница, видов за жал, колку не е тоа така.

Во последнава година, откако трае нашата борба, добивам скоро секој ден пораки од мајки кои поминале или поминуваат низ истото и сме си цело време поддршка едни на други.

Ова утро добив една поинаква порака, која допре толку до мене и ме расплака квалитетно после долго време.

Ја споделувам со нејзина дозвола за да биде поддршка за сите борци, мали или големи.

hristina-pan-dobi-emotivna-poraka-koja-vleva-nadezh-ja-imav-istata-dijagnoza-kako-kjerka-ti-denes-sum-majka-na-2-deca-03.jpg

‘Здраво Христина. Те следам подолго време, а вчера случајно те видов во населба Влае со ќеркичките и не можам да не ти пишам, ми остана во мисли...

Немав видено до скоро каква дијагноза добила Тара и кога видов ме погоди многу.

Имено, во тебе ја видов силата на мајка ми, која во ист период како вас, на моја 9-месечна возраст се соочувала со истата дијагноза кај мене, неуробластома.

30 години подоцна јас сум мајка на три дечиња, иако надежта од докторите била 6 месеци живот.

Сакам само да ти пуштам сила и најголема љубов. До ден денес ја гледам грижата на мајка ми кон мене за секое едно нешто и можам да кажам само дека нема ништо посилно од родител што помонува низ истото.

Ви посакувам најбрзо оздравување и ви праќам многу љубов. Наредниот пат ќе ви пријдам, би ми било многу мило да ве запознаам’“.

hristina-pan-dobi-emotivna-poraka-koja-vleva-nadezh-ja-imav-istata-dijagnoza-kako-kjerka-ti-denes-sum-majka-na-2-deca-02.jpg

За потсетување, Христина помина низ неколкугодишна борба со неплодност, но во 2022 роди близначки, Тара и Хана.

Брзо пред првиот роденден на девојчињата, таа и нејзиниот сопруг се соочиле со нов животен предизвик, откако лекарите ѝ дијагностицирале малигно заболување на Тара, Neuroblastoma Metastaticum.

По ова почнал долгиот процес на лекување, а неодамна Христина и Тара се вратија од Турција, каде што Тара помина низ фаза на хемотерапија, но успешно го заврши и овој процес на лекување.

„Ни останува радиотерапија во Истанбул и имунотерапија која што ќе ја прима тука на Детската клиника. Се молам и надевам дека најтешкото помина“, рече неодамна Христина за CRNOBELO.com.

Прочитајте и Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад нас“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава