Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов повторно топлотен бран во Македонија – температури до 40ºC“

„Во Скопје и околината ќе има сончево и многу топло време. Граѓаните да не излегуваат во најтоплиот ден од денот, односно од 11 од 17 часот“, вели метеорологот Славчо Попоски за претстојниот викенд.

slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-povtorno-toploten-bran-vo-makedonija-temperaturi-do-40-c-01.jpg

По обилните врнежи од дожд и релативно пријатното време, викендов повторно ќе се соочиме со екстремно високи температури.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојниот викенд:

„Пред нас е нагла и голема промена на времето гледано по температурите на воздухот, a сето тоа особено лошо ќе влијае врз метеопатите кои ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми.

Изминатиов период имавме навистина свежо време, особено во ноќните и во утринските часови кога имавме есенски температури на повеќе места во Македонија.

Понекаде во државава температурите во утринските часови се спуштија дури и под 10 степени Целзиусови.

Веќе од овој викенд, нашата територија ќе потпадне под влијание на нов многу топол бран од Африка, па температурите нагло и позначително ќе се зголемат.

slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-povtorno-toploten-bran-vo-makedonija-temperaturi-do-40-c-02.jpg

Насекаде тие ќе надминуваат 30 степени Целзиусови, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени Целзиусови.

Времето ќе биде претежно сончево и стабилно, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на овој викенд и во Скопје и околината ќе имаме стабилно, сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 36 степени Целзиусови.

УВ индексот, пак, ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...

Најчитани неделава